Петит Сент Винсент (анг./ фран.: Petit Saint Vincent, „Мал Свети Винцент“) е најјужниот остров во Свети Винцент и Гренадини. Тој е дел од архипелагот Гренадини. Островот е приватен и истиот функционира како луксузен ресортPetit St. Vincent Ресортот има 22 еднокреветни и двокреветни колиби и луксузни вили. Во непосредна близина на островот се наоѓа малото островче Морпион.

Местоположба

Петит Сент Винсент се наоѓа во најјужниот дел од државата и е последен од делот на Гренадините кои се под управа на Свети Винцент и Гренадини. Островот се наоѓа северно од Каријаку и Петит Мартиник (Гренада) и јужно од островите Палм и Јунион.

Географија Околу островот има 3.2 км бели песочни плажи. Внатрешноста на островот се состои од брдовит терен и тропска вегетација. Највисока точка на островот е Марни Хил во северозападниот дел од островот и има 84 метри надморска висина.

Галерија

Наводи

Поврзано Гренадини Свети Винцент и Гренадини

Категорија:Острови во Свети Винцент и Гренадини Категорија:Гренадини