W Лебед — полуправилна променлива ѕвезда во соѕвездието Лебед, на растојание од 570 светлосни години од Земјата. Се наоѓа на помалку од половина степен југоисточно од ρ Лебед.

Откритие

W Лебед е, повремено, ѕвезда видлива од човековото око, но не и е доделена Бајерова или Фламстидова ознака. Забележано е дека е променлива ѕвезда од страна на Џон Елард Гор, откритие првично објавено во 1885 година.

Променливост W Лебед има максимална величина од 5,10 и минимална величина од 6,83. Во каталозите е заведена како ѕвезда со примарен период од 131,7 денови, но се забележани и промени во сјаноста со периоди од 131 и 234 денови. Се верува дека пулсира во првиот обертон.

Својства W Лебед е црвен џин на асимптотската гранака на џинови (АГЏ). Спектралниот тип на ѕвездата се движи од M4e до M6e, и се забележани можни повишени нивоа на технециум. Масите на AGB ѕвездите се слабо познати, но користејќи ги пулсираќките својства на W Лебед, се добива дека масата му е малку помала од онаа на Сонцето.

Придружник W Лебед е предложена како двојна ѕвезда со врел придружник од главната низа, но ова сè уште не е потврдено.

Наводи

Категорија:Полуправилни променливи ѕвезди Категорија:Лебед (соѕвездие) Лебед, W Категорија:Црвени џинови 205730 8262 Категорија:Ѕвезди на асимптотската гранка на џинови 106642 Категорија:Ѕвезди со оддавни линии Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Џинови од типот M