V1500 Лебед или Нова во Лебед 1975 — нова која се случила во 1975 година во соѕвездието Лебед. По својот сјај се издвојува како втората најсјајна нова во век, и е надмината по сјај само од CP Крма во 1942 година."V1500 Cyg (Nova Cygni 1975)", American Association of Variable Star Observers
V1500 Лебед беше забележана на 29 август 1975 година, и постигнала светлосна величина од 1,7 следниот ден. Останала видлива за човековото око околу една недела, и 680 денови по максимумот ѕвездата потемнела на свелосна величина од 12,5.
Станува збор за ѕвезда од типот на AM Херкул, која се состои од секундарна ѕвезда црвено џуџе која натрупува материјал на високомагнетизирана примарна ѕвезда бело џуџе. Растојанието до V1500 Лебед било пресметано во 1977 година од страна на Мекдоналдовата опсерваторија и изнесувало 1,95 килопарсеци (6.360 светлосни години). Дополнително, V1500 Лебед била првата забележана ѕвезда, асинхрон полар. Ова значи дека вртежниот период на белото џуџе е за малку различен од орбиталниот период на двојната ѕвезда.
Поврзано Нова Лебед 1920 Нова Лебед 1992
Наводи
Дополнителна литература
Надворешни врски
Категорија:Нови Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Науката во 1975 година Лебед, V1500 Категорија:Полари