Смољан или Смолен () — град во Јужна Бугарија, сместен на јужните падини на планината Родопи. Центар е на Општина Смољан и на Смољанска област. Во градот се наоѓа археолошки музеј, театар и астрономска опсерваторија.

Градот го добива своето име од словенското племе Смолјани, кое во раниот среден век ја населувало областа.

Географија Од престолнината Софија, Смолен е оддалечен 240 км, а од најблискиот поголем град Пловдив, оддалечен е 100 км.

Смоленската Област се наоѓа во средишниот дел на Родопите на значителна надморска височина од 1.000 м, а околу градот се наоѓаат бројни планински врвови повисоки од 2.000 м надморска висина. Смолен е административен центар на највисока надморска височина во Бугарија. Местоположбата погодувала за развој на зимскиот и планинскиот туризам, па во близина на градот се развиле значајните туристички центри Пампорово и Чепеларе.

Низ Смолен протекуваат две реки, Черна (Црна) и Бјала (Бела).

Климата во градот е континентална со влијание на планинската клима заради големата надморска височина.

66% од општината Смолен е под шума, што е многу повисоко од државниот просек.

Историја Околината на Смолен е населена уште од времето на Тракијците. Се смета дека градот името го добил по словенското племе Смоленци, кои ја населиле оваа област во почетокот на средниот век. Подоцна овој простор е под власт на Византија, средновековна Бугарија, Османлиското Царство.

Смолен особено се развил во текот на последниот дел од владеењето на Османлиското Царство во 19 век, кога градот бил познат под името Пашмакли и бил претежно населен со Бугари муслимани – Помаци. Во 1878 година, Смолен станува дел од новооснованата држава Бугарија.

Население мини|249x249px|Катедралата „Св. Висарион Смоленски“ мини|250п|Црквата „Свети Никола“ во Устово После Втората светска војна, Смолен броел околу 5.000 жители Оттогаш градот расте од десетлетие во десетлетие, најмногу заради миграцијата село-град, како и миграцијата од околните помали гратчиња, и го достигнува својот врв во деведесеттите години на дваесеттиот век кога брои повеќе од 34.000 жители. „WorldCityPopulation“

Град Смолен1887 нема податоци1910 нема податоци1934 нема податоци1946 5.4061956 7.4721965 17.4481975 28.4921985 31.5391992 34.0862001 33.1532005 31.9882007 31.9222009 31.7182011 30.642 Според последниот попис од 2011 година, етничкиот состав на градот е следниов: Population on 01.02.2011 by provinces, municipalities, settlements and age; National Statistical Institute Population by province, municipality, settlement and ethnic identification, by 01.02.2011; Bulgarian National Statistical Institute Бугари: 25.045 (97,0%) Роми: 258 (1,0%) Турци: 153 (0,6%) Други: 120 (0,5%) Недефинирани: 248 (1,0%) Не се изјасниле: 4.818 (15,7%) Вкупно: 30.642

Поголем дел од населението се православни, а помал се муслимани.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Мрежно место на Општината Смољан Саjт на областа Статиja за Историскиот музеj во град Смољан Смољан - град на мечтателните Смољан – удивителен град Интернет адреси за Смољан Времето во Смољан Слики од Смољан Слики од Смољан

Категорија:Градови во Смољанската Област Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Градови во Северна Тракија Категорија:Населени места во Општина Смољан Категорија:Населени места во областа Смољан