Кеплер-36 — ѕвезда во соѕвездието Лебед со две познати планети. Има зачудувачки голем полупречник, што значи дека е речиси џин.
Планетарен систем На 21 јуни 2012 година, беше објавено дека се забележани две планети во орбита околу Кеплер-36. Планетите, супрземја и „мининептун“ се необични бидејќи имаат многу блиски орбити, нивните големи полуоски се разликуваат само за 0,013 ае. Надврешната планета е во орбита за само 11% подалеку од внатрешната. Земајќи ги предвид sнивните значитетелно поголеми маси од Земјата, нивното меѓусебно граитаљционо заемодејство е значително, што значи дека нивното заемодејство предизвикува крајни временски промени за двете планети. Кеплер-36b и c имаат проценети густини соодветно од 6,8 и 0,86 g/cm3. Двете планети се во близина на 7:6 орбитална резонанција. Големата разлика во густините, покрај близината на орбитите, се должи пред сè поради големата разлика во масите. Внатрешната и помалку масивна ѕвезда го изгубила ако не и целосно слојот од водород/хелиум во текот на создавањето.
Наводи
Надворешни врски Kepler mission discoveries
Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Планетарни системи Категорија:Жолти подџинови Категорија:Променливи ѕвезди поради планетарни премини Категорија:Занимливи Кеплерови тела Категорија:Планетарни ситеми со две потврдени планети