Кеплер-1625 — ѕвезда налика на Сонцето со привидна величина од 14, со местоположба во соѕвездието Лебед приближно на растојание од 8.000 светлосни години. Полупречникот е за нешто помалку од 80% поголем од полупречникот на Сонцето и има маса за 8% поголема од онаа на Сонцето. Во 2016 година, беше забележано дека во орбита околу ѕвездата има вонсончева планета, Кеплер-1625b, која пак е гасовит џин во орбита во животопогодниот појас. Во 2018 година, беше објавено дека вонсончевата планета можно е да има во орбита вонсончева месечина. Дополнителните набљудувања со вселенскиот телескоп Хабл исто така ја потврдиле можноста за постоење на вонсончева месечина, иако неодамнешните истражувања во 2019 година наведуваат дека е можно да не постои вонсончева месечина.
Ѕвездени одлики
Кеплер-1625 е голема ѕвезда слична на Сонцето. нејзиниот полупречник е 1,79 пати од оној на Сонцето и има маса 1,079 од Сончевата. нејзината температура е околу 5.548 K, малку пониска од онаа на Сонцето. Овие одлики укажуваат дека Кеплер-1625 можно е да е жолт подџин кој се ближи на крајот од својот полуживот. Кеплер-1625 има висока металичност од +0.12 dex (споредбено со 0.00 за сонцето) ие на растојание од околу 8.000 светлосни години во соѕвездието Лебед.
Постои и втор модел за големината на Кеплер-1625, со кој ѕвездата е со полупречник од околу 0,94 сончеви полупречници и маса за 0,96 од сончевата како и температура од 5.677 K и металичност слична на Сонцето.
Планетарен систем
За ѕвездата се знае дека има потврдена една планета, со ознака Кеплер-1625b, таа е планета малку поголема од Јупитер во орбита околу матичната ѕвезда со орбитален период од 287,3 денови. Сепак, ако помалата големина за ѕвездата е точна, тогаш Кеплер-1625b е гасовит џин со полупречник од 6 Земјини полупречници во орбита на животопогодниот појас.
Можност за постоење на вонсончева месечина
Светлинските кривина трите набљудувани премини укажуваат на постоење на вонсончева месечина со големина на Нептун во орбита на Кеплер-1625b, на растојание од 20 пати од планетарниот полупречник. Потребни се повеќе набљудувања за да се потврди или отфрли постоењето на месечината. Дополнителните набљудувања со вселенскиот телескоп Хабл на премините на Кеплер-1625b од 2017 до 2018 година и дополнително добиените светлински криви укажуваат на постоењето на вонсончева месечина, што дополнително ја зацврстува идејата за постоење на вонсончева месечина во орбита околу Кеплер-1625b. неодамнешно разгледување на набљудувањата на Хабл во 2019 година, укажуваат дека дополнителната светлинска крива е остаток од обработката на податоците.
Поврзано 1SWASP J140747.93-394542.6 PDS 110
Наводи
Категорија:Планетарни системи со една потврдена планета Категорија:Променливи ѕвезди поради планетарни премини Категорија:Занимливи Кеплерови тела Категорија:2MASS-објекти Категорија:Лебед (соѕвездие)