IC 5146 (Кожурец) — отсјајна/оддавна маглина во соѕвездието Лебед. Описот NGC се однесува на IC 5146 како јато од ѕвезди со привидна величина од 9,5 св во темна и сјајна маглина. Јатото е познато и под името Колкиндер 470.O'Meara, Stephen James: The Caldwell Objects, Sky Publishing Corporation page 80 Има сјајност од +10.0/+9.3/+7.2. Неговите небесни координати се ректасцензија 21° 53.5" и деклинација +47° 16". Во близина се ѕвездата Пи1 Лебед, расеаното јато NGC 7209 во Гуштер и сјајното расеано јато M39 сите видливи со човековото око. Јатото е на растојание од околу 4.000 сг, и централната ѕвезда која го осветлува се создала пред околу 100.000 години; маглината е со пречник од 12 лачни минути, што е еднакво на распон од 15 светлосни години.

Кога се набљудува IC 5146, теманата маглина Бернард 168 (B168) е нераздвоив дел од тоа искуство, создавајќи темна линија која го обиколуба јатотокон запад создавајќи изглед на опашка зад јатото.

Млади ѕвездени тела

IC 5146 ѕвездородна област каде постојано се создаваат ѕвезди. Набљудувањата направени со вселснкиот телескоп Спицер и опсерваторијата Чандра забележале над стотина млади ѕбездени тела. Забележани се млади ѕвезди во двете оддавни маглини, каде гасото е јонизиран од масивните млади ѕвезди, ив во инфрацрвениот темен молекуларен облак се создава „опашка“. Најмасивната ѕвезда во областа е BD +46 3474,ѕвезда од типот B1 за која има проценка дека е 14±4 пати помасивна од масата на сонцето.

Друга занимлива ѕвезда во маглината е BD +46 3471, која е пример за HAeBe-ѕвезда, ѕвезда со средна маса и силни оддавни линии во спектарот.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Расеани маглини Категорија:Отсјајни маглини Категорија:Оддавни маглини Категорија:Расеани ѕвездени јата 019b 5146 Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Шарплесови објекти Категорија:Ѕвездородни области Категорија:Колиндерови објекти