BD+40° 4210 — жешка сјајна џиновска ѕвезда сместена во соѕвездието Лебед. Станува збор за ѕвезда од здружението Лебед OB2 и кандидат за променлива сјајна сина ѕвезда.

Одлики BD+40° 4210 е крајно зацрвенета и згасната ѕвезда поради вселенската прашина од Млечниот Пат и од оваа причина не е доволно истражена. Се утврдило дека станува збор за една од најсјајните ѕвезди во здружението Лебед OB2, со апсолутна величина од -7,66 и болометриска сјајност повеќе од 600.000 пати од онаа на Сонцето. Според спектралната класификација станува збор за ѕвезда од спектрален тип B1III, но со некои недостатоци меѓу кои плитки линии и широкопојасно оддавање. И покрај џиновската сјајна класа,сјајноста е крајно висока, сместувајќи ја во близина на S Златна Рипка нестабилен појас исполнет со променливи сјајни сини ѕвезди. Нејзиниот сјај се менува за величина 0,1 за временски период од 100 денови.

BD+40° 4210 е со местоположба 4,8 парсеци од ѕвездата кандидат за променлив сјаен син џин G79.29+0.46 и веројатно на исто растојание од Земјата, бидејќи и за двете се претпоставува дека се членови на Лебед OB2; сепак, за разлика од другата ѕвезда која е опколена со широка налик на прстен маглина, околу BD+40° 4210 не постои маглина.

Наводи

Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Бело-сини џинови BD+40 4210 Категорија:Сјајни сини променливи ѕвезди Категорија:2MASS-објекти