KPD 1930+2752 — двоен ѕвезден систем кој вклучува ѕвезда бело-сино подџуџе и веројатно бело џуџе со релативно голема маса. Поради природата на астрономскиот систем, е потенцијален кандидат за супернова од типот Ia, вид на супернова кој настанува кога белото џуџе ќе привлеќе доволно голема маса материја за да се доближи до Чандрасекаровата граница, точка при која електронскиот одродувачки притисок нема да биде доволен за да ја поддржува неговата маса. Сепак, пред сето ова ќе имаме соединување на јаглеродот, ослободувајќи доволно енергија за да се надмине силата на гравитација која ја држи ѕвездата, што ќе доведе до појава на супернова.

Вкупната маса на двојниот систем ја поминува Чандрасекаровата граница, правејќи го овој систем еден од најверојатните кандидати за кој се знае дека ќе создадат во иднина супернова од типот Ia.

Поврзано IK Пегаз

Наводи

Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Двојни ѕвезди Лебед, V2214 Категорија:Бели џуџиња Категорија:Подџуџиња од типот B Категорија:2MASS-објекти