мини|300п|Карта на суперјатото Девица околу Месната Група (пречник 200 мсг ≈ 60 мпс). Јатото Девица е во десниот средиштен дел на сликата, на околу 50 мсг од Месната Група. мини|300п|Слика на јатото Девица со обележани галаксии. Девица — јато галаксии чие средиште е на далечина од 53,8 ± 0,3 мсг (16,5 ± 0,1 мпс) во соѕвездието Девица. Опфаќа околу 1.300 до 2.000 галаксии, и го сочинува јадрото на поголемото суперјато Девица, во чиј состав е Месната Група со нашиот Млечен Пат. Се проценува дека јатото има маса од 1,2 во делот од 8 степени од јатното средиште или пречник од 2,2 мпс.
Посјајните галаксии во јатото се откриени во последните децении на XVIII век и заведени во Месјеовиот каталог како „маглини без ѕвезди“ и се сметале за такви сè до 1920-тите.По записот за M91 во „Познавање на времето“ (Connoissance des Temps) за 1784 г., Месје ја дава следнава белешка: Соѕвездието Девица, особено северното крило, е меѓу оние со највеќе маглини: овој каталог содржи тринаесет кои се веќе утврдени: погл. бр. 49, 58, 59, 60, 61, 84, 85, 86, 87, 88, 89, 90 и 91. Сите се без ѕвезди: видливи се само при многу добри небесни услови и близу нивниот меридијански премин. Највеќето маглини ми ги укажа г-динот Мешен.
Јатото се оптега по лак од 8 степени со средиште во соѕвездието Девица. Иако најсјајните објекти се забележливи со скромен инструмент, телескопите со пречник од 15 см доловуваат 160 галаксии при добри услови. Најсјаен објект на јатото Девница е елиптичната галаксија Месје 49, иако најпознат е елиптичната галаксија Месје 87 во неговото средиште.
Особености
Јатото е прилично разнородна мешавина од спирални и елиптични галаксии. Се смета дека спиралните галаксии во јатото се распоредени во облик на доглнавеста нишка, четирипати подолга отколку што е широка, која се протега долж видното поле од Млечниот Пат. Елиптичните галаксии се збиени понасредина отколку спиралните.
Во Јатото на Девица има барем три одделни грутки: Девица A (околу M87), втора грутка (околу M86) и Девица B, околу M49. Некои го распознаваат и подјато Девица C (околу M60) како и грутка наречена Малобрзински облак (МБО/LVC) околу големата спирална галаксија NGC 4216.
Од нив најголема е грутката Девица A, составена од елиптични, леќести и спирални галаксии сиромашни со гас. Има маса од 1014 , што е величински ред повеќе од другите две грутки.The Virgo Super Cluster: home of M87 (with frames) Трите подгрупи се во процес на соединување во едно јато. Овие се опкружени со помали галактички облаци од спирални галаксии, наречени облак N, облак S и Девица E кои тежат да се припојат кон нив. Постојат други поодалечени галаксии и галактички групи (како гал. облак Береникина Коса I) кои исто така се под влијание на јатото и се очекува да се припојат во подалечна иднина. Сето ова покажува дека Девица е динамички младо јато кое сè уште е во фаза на образба.
Соседните собирни целини наречени облаци M, W и W' се позадински системи независни од главното јато.
Големата маса на јатото е утврдена по големите привлечни брзини на неговите галаксии, кои достигнуваат во однос на јатното средиште. Како дел од суперјатото Девица, неговата маса ги забавува околните галаксии, како и оддалечувањето на Месната Група за околу десет отсто.
Внатрејатна средина Како и кај многу други галактички јата, внатрејатната средина на Девица е исполнета со проретчена врела плазма на температура од 30 милиони келвини која оддава рендгенски зраци. Во оваа внатрејатна средина се среќаваат многубројни меѓугалактички ѕвезди (до 10 % од ѕвездите во јатото), вклучувајќи извесни планетарни маглини. Се претпоставуа дека се работи за ѕвезди исфрлени од нивните матични галаксии при заемодејството со други галаксии. Тука се присутни и извесен број збиени ѕвездени јата, веројатно издвоени од џуџести галаксии, а можеби и барем едно ѕвездообразбено подрачје.
Галаксии Во табелата се дадени најсјајните или поинаку значајни објекти во јатото Девица, заедно со подгрупата во која се сместени. Треба да се има предвид дека постои несогласување за припадноста на некои галаксии од јатото)
Назив Координати(епоха 2000) Привид.величина(сино) Вид Аголна големина Пречник() (км/с) Подјато Рек. Дек.Месје 98 12 13,8 14 54 10,9 SBb 9,8′ 150 184 Девица A или облак NNGC 4216 12 15,9 13 09 10,9 SBb 7,9′ 120 459 Девица A, облак N или МБО.Месје 99 12 18,8 14 25 10,4 Sc 5,4′ 80 2735 Девица A или облак NNGC 4262 12 19,5 14 53 12,4 S0 1,9′ 30 1683 Девица ANGC 4388 12 25,5 12 39 11,8 SAb 6,2′ 85 2845 Девица AМесје 61 12 21,9 04 28 10,2 SBbc 6,2′ 100 1911 облак SМесје 100 12 22,9 15 49 10,1 SBbc 7,6′ 115 1899 Девица AМесје 84 12 25,1 12 53 10,1 E1 6,0′ 90 1239 Девица AМаркарјанов ЛанецМесје 85 12 25,4 18 11 10,0 S0 7,1′ 105 1056 Девица AМесје 86 12 26,2 12 57 9,9 E3 10,2′ 155 37 Девица A или сопствена подгрупа.Маркарјанов ЛанецNGC 4435 12 27,7 13 05 11,7 S0 3,0′ 45 1111 Девица ANGC 4438 12 27,8 13 01 11,0 Sa 8,7′ 130 404 Девица ANGC 4450 12 28,5 17 05 10,9 Sab 5,1′ 80 2273 Девица AМесје 49 12 29,8 08 00 9,3 E2 9,8′ 150 1204 Девица BМесје 87 12 30,8 12 23 9,6 E0–1 9,8′ 150 1204 Девица AМесје 88 12 32,0 14 25 10,3 Sb 6,8′ 100 2599 Девица ANGC 4526 12 32,0 07 42 10,6 S0 7,1′ 105 931 Девица BNGC 4527 12 34,1 02 39 12,4 Sb 4,6′ 69 1730 облак SNGC 4536 12 34,4 02 11 11,1 SBbc 7,2′ 115 2140 облак SМесје 91 12 35,4 14 30 11,0 SBb 5,2′ 80 803 Девица ANGC 4550 12 35,5 12 13 12,5 S0 3,2′ 50 704 Девица AМесје 89 12 35,7 12 33 10,7 E0 5,0′ 75 628 Девица ANGC 4567 12 36,5 11 15 12,1 Sbc 2,8′ 40 2588 Девица ANGC 4568 12 36,6 11 14 11,7 Sbc 4,4′ 65 2578 Девица AМесје 90 12 36,8 13 10 10,2 SBab 10,5′ 160 87 Девица ANGC 4571 12 36,9 14 13 11,9 Sc 3,7′ 55 659 Девица AМесје 58 12 37,7 11 49 10,6 SBb 5,6′ 85 1839 Девица AМесје 59 12 42,9 11 39 10,8 E5 5,0′ 75 751 Девица A или Девица EМесје 60 12 43,7 11 33 9,8 E2 7,2′ 110 1452 Девица A, Девица E или Девица CNGC 4651 12 43,7 16 24 11,4 Sc 4,0′ 60 1113 NGC 4654 12 43,9 13 08 11,1 SBc 5,0′ 75 1349 Девица A
Помалку сјајните галаксии од јатото обично се познати по нивниот број во Каталогот на јатото Девица, особено оние од многуте џуџести галаксии.
Поврзано Береникина Коса (галактичко јато) Еридан (галактичко јато) Печка (галактичко јато) Рамнило (галактичко јато) Список на галактички јата Девица (суперјато)
Наводи
Надворешни врски
Јатото Девица во „Атлас на вселената“ — карта и табела со 160 најголеми галаксии Јато Девица — Калифорниски технолошки институт Јатото Девица — Месјеови страници на SEDS Каталог на Јатото Девица
Категорија:Девица (суперјато) Категорија:Девица (соѕвездие) Категорија:Береникина Коса (соѕвездие)