Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Трновци. Црквата е сместена во крајниот југозападен дел од селото.

Историја Црквата е изградена во 1883 година, а била обновена по Првата светска војна во 1926 година, како и во 1980 година.„Трновци “. Мој Роден Крај.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен од западната страна, а на јужната има спроеден влез. Пред обата влеза има натстрешница. Во горниот дел од јужниот и северниот ѕид има по четири залачени прозорци со иста големина кои се поставени во линија. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Со кров од ќерамиди се покриени и натстрешниците, додека апсидата е покриена со лимен кров.

Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата, помошен објект, селските гробишта и базен за верски обреди. Камбанаријата е сместена во непосредна близина на главниот влез, од неговата страна. Таа има квадратна основа и е покриена со пирамидален кров од ќерамиди. Влезот е сместен на источната страна а над него се изрежани имињата на лицата заслужни за нејзината изградба. Во горниот дел на скоја страна од камбанаријата има по една бифора.

Галерија

Поврзано Трновци Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Ивањевска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Трновци Трновци