HD 197037 - ѕвезда, која се наоѓа во соѕвездието Лебед на растојание од околу 107 светлосни години од нас. Во орбита околу ѕвездата досега е забележана една планета.

Особености HD 197037 е ѕвезда со привидна величина од 6,8, првпат во астрономската литература се споменува во каталогот на Хенри Драпер, објавен на почетокот на XX век. Масата на ѕвездата е еднаква на 1,11 од масата на Сонцето. Температурата на површината на HD 197037 е околу 6150 Келвини. Нејзината старост се проценува на околу 1,9 милијарди години.

Планетарниот систем Во 2012 година, група астрономи кои работат со телескопот Хоби-Еберл го објавија откривањето на планетата HD 197037b во системот. Тоа е гасовит џин, со маса еднаква на 79% од масата на Јупитер. Планетата е во орбита на растојание од 2,07 ае. од матичната ѕвезда, орбитирајќи за период од 1036 дена. Откривањето на планетата е извршено Доплерова спектроскопија. Планета Маса( М Ј ) Полупречник( Р ј ) Орбитален период (денови) Голема полуоска (ае) Орбитално занесување b 0,79 ± 0,05 - 1036 ± 13 2,07 ± 0,05 0,22 ± 0,07

Наводи

Поврзано

Список на ѕвезди во соѕвездието Лебед

Надворешни врски

HD 197037 во Енциклопедијата на вонсончеви планети ) HD 197037 на страницата Планетарни Системи

Категорија:Планетарни системи Категорија:HD-објекти Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот F Категорија:2MASS-објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:HIP-објекти Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Двојни ѕвезди Категорија:Црвени џуџиња од главната низа Категорија:Планетарни системи со една потврдена планета