Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Мојно. Црквата е сместена во југозападниот дел од селото.

Историја Црквата била изградена во 1871 година.„Мојно “. Мој Роден Крај.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска на Атанасиј Александриски во многу лоша состојба. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата има помошен објект изграден од камен, а во него се сместени и селските гробишта.

Галерија

Поврзано Мојно Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Добрушевско-дедебалска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Мојно Мојно