Свети Никола — главна селска црква во селото Карамани. Црквата е сместена во средишниот дел од селото.
Историја Во ноември 2014 година, црквата била ограбена и од неа биле изнесени монети и банкноти во вредност од околу 4.000 денари.„Ограбена црква во битолско, крадецот се офајдил со 4.000 денари“. Нетпрес. 30 ноември 2014.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна, а во нејзино продолжение е доградена припрата која е заградена од сите страни. Над влезот од припратата има ниша со фреска на која е прикажан Свети Никола. Црквата има и спореден влез кој е сместен на јужната страна. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди.
Дворот на црквата е ограден и во него се наоѓаат помошен објект, базен за верски обреди и селските гробишта, додека камбанаријата се издига над влезната порта од дворот на црквата. Таа има осумаголна основа и на четирите страни со поголема површина содржи по една ниша со фреска во долниот и по една монофора во горниот дел.
Галерија
Поврзано Параклис „Св. Петка“ - Карамани Карамани Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Могилска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Карамани Карамани