мини|Говеда на испаша во Германија.
Добиток или стока — припитомени животни кои се одгледуваат поради нивната работна сила или добиените производи како месо, јајца, млеко, крзно, кожа и волна. Во Македонија, покрај четириножните животни, под „добиток“ официјално се водат и пчелите и живината, иако се сметаат за одделни во секојдневната употреба.
Одгледувањето, одгојот и исползувањето на животните се нарекува сточарство и се практикува во секое општество кое го направило преодот од ловот и собирањето кон земјоделството. Иако може да се разликува зависно од културата и историскиот период, сточарството и денес игра важна улога во стопанскиот и културниот живот на многу народи.
Во понови времиња сточарството добило масовен (фабрички) карактер за да ги задоволи потребите на многубројното население во денешниот свет, но затоа неповолно се одразува врз благосостојбата на животните, животната средина и јавното здравје.
Историја Чувањето на животни во денешна смисла започнало со појавувањето на трајни населби меѓу првобитните заедници. Иако номандските народи се познати по терање стока заедно со нив, вистинското одгледување започнало дури откако човекот почнал да ја чува стоката во контролирани услови. Овие услови на живот и намерното одбирање на единки извршило темелно влијание врз животниот циклус, физиологијата и поведението на животните. Така, највеќето домашни животни денес не се способни да живеат во дивина.
Едно од првите припитомени животни е кучето, кое станало домашно животно во Европа и Далечниот Исток уште пред 15.000 години. Иако самото не се смета за стока, тоа одиграло битна улога како помагач во понатамошниот развој на сточарството. Козите и овците за првпат се прититомени во Југозападна Азија некаде пред 11.000 до 5.000 години. Свињата е одомаќинета околу 8.500 години п.н.е. на Блискиот Исток и околу 6000 п.н.е. во Кина. Коњот е припитомен 4.000 години п.н.е. Говедата се домашни животни веќе 10.500 години, додека пак кокошката и другата живина станала дел од домаќинствата во 7.000 години п.н.е.
Видови добиток Добитокот или стоката во поширока смисла се однесува на секој вид или сорта на животно ко човекот го чува за своја издршка, продажба или добивање на производи. Тука се опфатени не само домашните животни, туку и полудомашни или оние кои се диви (неприпитомени), но се одгледуваат во заробеништво за стопански потреби. Некои од полудомашните (полуприпитомените) животни се во тек на припитомување. Следува список на животни кои се чуваат како добиток во разни краишта на светот, заедно со нивните диви предци и нивната корисносност за човекот.
Животно Припитоменост Див предок Одгледувано од Место на прво одгледување Корисност Сликаадакс питом адакс 2500 п.н.е.Египет месо, кожув130палпакапитомавикуња 5000 - 4000 п.н.е.Андивлакно, месо130пбалиско говедопитомобантенг непознатоЈугоисточна Азија, Бели месо, млеко, влеча130пбеломуцест елендивбеломуцест еленнепознатоКинамесо, рогови130пбелоопашест елендивбелоопашест еленнепознатоЗападна Вирџинија, Флорида, Колумбијамесо, рогови, кожув, миленик130пбиволпитоминдиски бивол4000 п.н.е.Јужна Азијајавање, влеча, месо, млеко130пбизон див—крај на XIX векСеверна Америка месо, кожа130пвапитидиволос1990-тиСеверна Америкамесо, рогови, кожа, кожув130пгајалпитомгаурнепознатоЈугоисточна Азијамесо, влеча130пговедопитомотур6000 п.н.е.Југозападна Азија, Јужна Азија, Северна Африка месо, млеко, кожа, влеча130пголем стаорец-трскардивголем стаорец-трскарнепознатоЗападна Африкамесо130пголемо кудудивоголемо кудунепознатоЈужна Африкамесо, кожув, рогови, кожа, миленик130пдамчест еленпитомдамчест еленнепознатоЈапонија, Кинамесо, рогови, кожув, кожа, миленик, туризам130пѓерданесто пекаридивоѓерданесто пекаринепознатоБразил месо, кожа, миленик130пеландпитомобичен еланд, џиновски еланднепознатоЈужна Африка, Кенија, Зимбабве, Западна Африкамесо, млеко, кожа, кожув, рогови130пелендив—I векВелика Британијамесо, кожа, рогови, кадифе130пелен лопатарполупитомелен лопатарIX век п.н.е.Средоземјемесо, рогови, кожув, украс130пзајакпитомдив кунич400 - 900Францијамесо, крзно, кожа, миленик, истражување130пзебупитомотур8000 п.н.е.Индијамесо, млеко, влеча, кожув130пирвасполупитомирвас3000 п.н.е.северна Русијамесо, кожа, рогови, млеко, влеча130пјакпитомдив јак2500 п.н.е.Тибет, Непалмесо, млеко, влакно, јавање, самарење, влеча130пкамила пиромадива камила4000 - 1400 п.н.е.Азија јавање, самарење, месо, млеко, влакно130пкапибарадивакапибаранепознатоЈужна Америка месо, кожа, миленик130пкозапитомадива коза8000 п.н.е.Југозападна Азијамлеко, месо, волна, кожа, лесна влеча, миленик130пкоњпитомдив коњ4000 п.н.е.Европазиска Степајавање, влеча, млеко, месо, миленик, самарење130пламапитомагванако3500 п.н.е.Андисамарење, влеча, месо, влакна130плоспитомлос1940-тиРусија, Шведска, Финска, Алјаскамесо, млеко, рогови, истражување, влеча130пмагарепитомоафриканско диво магаре4000 п.н.е.Египетјавање, самарење, влеча, месо, млеко130пморско прасепитомопланинско морско прасе5000 п.н.е.Јужна Америкамесо, миленик130пмошусно говедопитомомошусно говедо1960-тиАлјаскамесо, волна, млеко130пмулепитомонеплоден мелез од магаре и кобила јавање, самарење, влеча130повцапитомаерменски муфлон11000 - 9000 п.н.е.Југозападна Азијаволна, млеко, кожа, месо130псахарски орикспитомсахарски орикс2320 - 2150 п.н.е.Египетмесо, рогови, кожув, кожа130псвињапитомадива свиња7000 п.н.е.Источна Анадолијамесо, кожа, миленик, истражување130п
Сточарство thumb|Коза со младо јаре. thumb|Место за опрасување во природна пештера, северна Шпанија.
Традиционално, чувањето на стока имало за цел да ги задоволи сопствените потреби на поединечните домаќинства: прехрана, гориво, ѓубриво, облека, превоз и влеча. Одгледувањето за месо не било на прво место, бидејќи стопанот гледал да извлече што повеќе додека животното е уште живо — често во облик на волна, јајца, млеко и млечни производи. Добитокот се терал на сезонска испаша, со одредени места со летни на зимски пасишта; во планинските предели, летното пасиште е горе на планините, каде сточарот имал и бачило; зимското пак, е во ниските предели како котлините.
Во денешно време сточарството може да се одвива збиено (интензивно) и разбиено. Разбиеното сточарство се практикува на широки предели каде стоката може да се движи слободно, под надзор на сточарот, кој ја штити од грабливци. Ваков пример се познатите ранчови на Западот на САД, во Јужна Америка, Австралија и други краишта со широки пространства и малку врнежи. Ваквиот систем се користи и во одгледувањето на овци, елени, ноеви, емуа, лами и алпаки. Во другите краишта, животните се тераат на повисоки места кога е потопло, а се внесуваат во штали и кледови преку зимата, каде се потхрануваат со подговтена крма.
Во мошне диви услови во Африка, домашните животни како свињите и живината се пуштаат да се храни сосема самостојно. Во друга крајност, во развиениот свет постојат индустриски капацитети каде стоката се чува на затворено во голема бројност, а фуражата се принесува во хранилишта. Свињите во ваквите места се чуваат во пространи кочини со регулирана температура и не излегуваат надвор; живината се држи во кафези од многу кокошки со вештачко осветлување. Поединечните фарми на ситните и средните стопанственици се занимаваат со полуинтензивно сточарство, каде добитокот е надвор голем дел од годината, а силажата се принесува само за време на студ и суша.
Поврзано добирто Домашни животни Живина Рибникарство Агроекологија
Наводи
Надворешни врски
Сточарство — портал „Агри“
Вкупен број на добиток, живина и пчелни семејства, во Македонија, по години — Државен завод за статистика
Категорија:Сточарство Категорија:Месна индустрија