75 Лебед — двојна ѕвезда во северното соѕвездие Лебед. Може да се забележи со човековото око како темна, црвеникава ѕвезда со привидна величина од 5,09. Системот се наоѓа на растојание од 434 светлосни години од Сонцето, според измерената паралакса, и се приближува кон Земјата со радијална брзина од −29 км/с.
Парот е на меѓусебно аголно растојание од лачни секунди од 2008 година, при што придружникот има привидна величина од 10,7. Посјајната величина од 5,18 е на остарениот црвен џин од спектрален тип M1IIIab. Бидејќи го искористила водоодното гориво во јадрото, iѕвездата нараснала до 45 пати од Сончевиот полупречник. Постојат сомнежи дека станувва збор за променлива ѕвезда од непознат тип и амплитуда. Ѕвездата зрачи со сјајност 439 пати поголема од сјајноста на Сонцето од нараснатата фотосфера при делотворна температура од 3.954 K.
Оптички придружник е во близина на парот, од спектрален тип K, на само неколку лачни секунди со привидна величина од 10,14.
Наводи
Категорија:Црвени џинови Категорија:Претпоставени променливи ѕвезди Категорија:Ѕвезди од типот K Категорија:Двојни ѕвезди
Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Тела од Бонскиот преглед Лебед, 75 206330 106999 8284 Категорија:Портокалови џинови Категорија:Џинови од типот M