Ни Лебед (ν Лебед или ν Cygni) — двојна ѕвезда од соѕвездието Лебед. Има привидна величина од 3,94 и е оддалечена 374 светлосни години сметано според паралаксата. Посветлата од двоецот е џиновска ѕвезда од типот A со величина од 4,07 и ѕвездена класификација A0III n, каде „n“ означува нејасни впивни линии поради нејзиното брзо вртење. Оваа е белузлава ѕвезда со 3,6 Сончеви маси и големина од околу 1,9 Сончеви полупречници. Зрачи 412 пати посилно од Сонцето и има делотворна температура од 9.462 K. Придружникот има величина од 6,4 и е сместен на аголна далечина од 0,24" од неа. Ни Лебед во каталогот Vizier

Наводи

Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Бели џинови Лебед, Ну 103413 8028 199629 Лебед, 58 Категорија:Тела од Бонскиот преглед