Арон Џејмс Рамзи (роден на 26 декември 1990 во Карфили) — велшки фудбалер, играч од средниот ред на УНАМ Пумас и на велшката репрезентација.

Биографија Како дете, Рамзи посетувал настава во училиштето Ysgol Gyfun Cwm Rhymni во неговиот роден град Карфили. Првиот контакт со фудбалот го остварил кога имал девет години, додека ги посетувал тренинзите на организацијата на велшката младинска лига во Карфили. Пред фудбалот, Рамзи се занимавал со рагби, играјќи на позицијата крило за младиот тим на Карфили. Тој живеел со неговите родители, Марлен и Кевин, и неговиот брат, Џош, сè додека не се преселил во Лондон, каде што му бил цимер на поранешниот соиграч од Кардиф Сити, Крис Гантер, кој тогаш играл за Тотенхем Хотспар. Рамзи е билингвист, зборува и велшки и англиски.

Оженет е со својата симпатија од детството Колин Роуландс, од 8 јуни 2014, со која го имаат синот, Сони, роден во 2015.

Рамзи е спонзориран од страна на Адидас.

Технички карактеристики лево|мини|Рамзи изведува слободен удар, против Олимпик Марсеј во Лигата на шампионите. Рамзи е играч комбинација од одлична техника и трчање, и е претежно познат по неговото движење без топка и неговите напаѓачки способности како играч од средниот ред, кој му овозможуваат често да навлегува во противничкиот шеснаесетник и да постигнува голови. Покрај неговите технички квалитети и напаѓачката моќ, Рамзи често бил пофален од медиумите за неговата енергија, издржливост и тимска работа на теренот. Исто така, тој е одличен додавач и разигрувач на топката, поседува добра визија, што му овозможува да се поврзе со другите играчи и да создава шанси за соиграчите по освојување на поседот, што е уште еден негов квалитет покрај оној тој самиот да постигнува голови. Иако неговата омилена позиција е централно во средниот ред, како централен или офанзивен играч од средниот ред, тој е исто така способен да игра и надворешно, како крило на двете страни од теренот; а понекогаш играл и како дефанзивен играч од средниот ред, или како таканаречен box-to-box играч.

Менаџерот на клубот Арсен Венгер го опишал Рамзи како „комплетен играч од средината на теренот“, и уште изјавил: „јас бев играч од средината на теренот, и сакам да ги поседував квалитетите кои тој ги поседува. Може да напаѓа, да се брани, да дава голови. Што сакате повеќе од тоа?“ Во текот на оваа сезона тој се развил во играч кој е „силен на топка“. Поранешниот играч од средниот ред на Арсенал Реј Парлур изјавил дека Рамзи може да стане важен играч за Арсенал еднакво како што бил Стивен Џерард за Ливерпул.

Во ноември 2013 година, Рамзи бил избран за втор најдобар играч од средниот ред за сезоната 2013-2014, веднаш зад Јаја Туре од Манчестер Сити. Тој имал повеќе контакти со топката од било кој друг играч (1,115), и имал најмногу успешни стартови (57). На 24 декември 2013 година, било објавено дека Рамзи и Туре се единствените двајца играчи во Премиер лигата кои комплетирале повеќе од 1.000 додавања.

Во декември 2015, поранешната ѕвезда на Ливерпул Стивен Џерард го пофалил Рамзи велејќи дека тој е "најдобриот офанзивен играч од средниот ред во Премиер лигата".

Сепак, речиси целата негова кариера била силно погодена од повреди кои делумно влијаеле и на неговите перформанси и успеси на високи нивоа.

Клупска кариера Кардиф Сити

Откако импресионирал на турнирот за млади играчи во Карфили, Рамзи потпишал за Кардиф Сити, откако велшкиот клуб ја победил конкуренцијата од Њукасл Јунајтед, за здобивање на правата врз осумгодишниот ученик кој така се приклучил на младинскиот систем на клубот. После неколку години во кој тој ги минал сите младински категории во академијата на клубот, тој конечно го направил своето деби за првиот тим на Кардиф Сити во последниот натпревар на домашен терен од Чемпионшип лигата за сезоната 2006-2007, заменувајќи го Пол Пари во последната минута од поразот со 1-0 од Хал Сити на 28 април 2007 година. Со тоа, Рамзи станал најмладиот играч што некогаш играл за Кардиф Сити, на возраст од само 16 години и 124 дена, победувајќи го претходниот рекорд кој бил во сопственост на Џон Тошак. Во јуни 2007 година, Кардиф Сити ја одбиле првата понуда за Рамзи која изнесувала повеќе од 1 милиони фунти од неименуван клуб лондонски клуб од Премиер лигата. Меѓутоа, лондонскиот клуб продолжил да го следи Рамзи и во текот на сезоната 2007-2008. Во меѓувреме, од Кардиф исто така ја одбиле и понудата од Евертон, која изнесувала иста сума.

Својот прв лигашки настап за сезоната 2007-2008, Рамзи го имал на 6 октомври влегувајќи од клупата за резерви на местото на Џими Флојд Хаселбајнк во победата со 2-1 на домашен терен над . Во декември 2007, Разми го потпишал својот прв професионален договор со клубот."Ramsey pens professional contract" BBC Sport. Retrieved 11 February 2008 За првпат излегол на терен како член на почетната постава на Кардиф Сити на 5 јануари 2008 во натпреварот од ФА Купот против Чејстаун, заменувајќи го суспендираниот Стивен МекФеил. Во неговиот импресивен настап можел да се види неговиот прв погодок во професионалната кариера, вториот на Кардиф во натпреварот завршен со убедлива победа со 3-1. Неговиот настап против Чејстаун, дури му донел номинација за наградата играч на рундата, но сепак таа на крајот му припаднала на Мајкл Мифсуд од Ковентри Сити. На 26 април, тој го постигнал својот прв гол во лигата во ремито 3-3 против Барнли. Три недели подоцна тој го имал својот прв старт во почетната постава на Кардиф Сити во лигашки натпревар, во победата со 3-1 над Квинс Парк Ренџерс и така започнал да се етаблира во првиот тим, започнувајќи како стартер уште во неколку натпревари до крајот на сезоната. Тој остварил вкупно 22 настапи во текот на сезоната, неговата прва целосна сезона во професионалниот фудбал, и играше во пет од шестте натпревари во ФА Купот, вклучително и финалето, станувајќи вториот најмлад играч што играл во финале на ФА Купот по Кертис Вестон, кој играл во Финалето на ФА Купот 2004 година за Милвол."Man Utd win FA cup" BBC Sport. Retrieved 20 October 2008

Следејќи го одличниот настап на Рамзи во четвртфиналето на ФА купот против Мидлсбро, откриено е дека тогашниот менаџер на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон разгиварал со менаџерот на Кардиф Дејв Џонс и се распрашувал за Рамзи, а подоцна им се приклучил на Арсенал и Евертон во следењето на напредокот на Рамзи."Fergie in for £5m rated Aaron Ramsey" South Wales Echo. Пристапено 15 ноември 2008 Рамзи израснал како навивач на Манчестер Јунајтед, но на крајот сепак одлучил да не и се приклучи на оваа екипа. Претседателот на Кардиф Питер Ридсдејл рекол за Би-Би-Си дека понуда од 5 милиони фунти испратена од страна на Арсенал е прифатена и во неа не постои опција Рамзи да остане уште една сезона во Кардиф како позајмен играч. Ремзи бил препорачан на менаџерот на Арсенал Арсен Венгер од страна на помошниот тренер на Кардиф Тери Бартон, кој воедно бил и поранешен играч на Арсенал. За време на преговорите за трансфер, Бартон исто така го советувал Ремзи да му се приклучи на Арсенал, наведувајќи ја сличноста помеѓу него и стилот на игра на клубот од Лондон.

Арсенал Првите сезони во клубот На 10 јуни 2008 било потврдено дека откако се сретнал со претставници на Арсенал, Евертон и Манчестер Јунајтед, Рамзи одлучил да потпише за Арсенал, кој му платил на Кардиф Сити за играчот 4.8 милиони фунти. Трансферот бил потполно завршен на 13 јуни 2008 година, како што се вели во соопштението потпишан е долгорочен договор. Главната причина поради која Рамзи потпишал за Арсенал, а не за Евертон или Манчестер Јунајтед бил прстапот на менаџерот на Арсенал Арсена Венгера, кој заедно со Рамзи и неговото семејство одлетал за Швајцарија со цел да разговараат за иднината на Рамзи во Арсенал. Венгер го опишал Рамзи како „играч со фантастична моторика, добар во конструкцијата на играта, со добра техника и добра визија“. Во едно интервју многу години подоцна по доаѓањето во Арсенал Рамзи вели:

Ремзи го направил своето официјално деби за Арсенал во третата квалификациска рунда за Лигата на шампионите против Твенте на 13 август 2008 година, а своето лигашко деби го имал еден месец подоцна против Блекбурн Роверс на 13 септември 2008 година, обележувајќи го со асистенција за Емануел Адебајор, при четвртиот гол на Арсенал во натпреварот. На 23 септември 2008 година, тој ги одиграл комплетните 90 минути во натпреварот од третото коло на Лига купот против Шефилд Јунајтед кој Арсенал го доби со 6-0, запишувајќи во својата статистичка графа за сезоната уште две асистенции за головите на Никлас Бентнер и Карлос Вела. Својот прв гол за "топџиите" го постигнал во победата со 5-2 над Фенербахче во Истанбул во групната фаза од Лигата на шампионите.Fenerbahce 2–5 Arsenal , Arsenal F.C. Пристапено 20 ноември 2008. Голот го постигнал со шут од далечина, погодувајќи ја најпрво стативата пред топката да влезе во мрежата, станувајќи притоа петтиот најмлад стрелец во историјата на Лигата на шампионите, и само вториот играч роден во 90-тите години, кој постигнал гол во ова натпреварување. Тоа бил неговиот единствен гол во неговата прва сезона во Арсенал во која вкупно во сите натпреварувања забележал 22 настапи. Во 2009 година Рамзи бил именуван од страна на ФИФА како еден од младите фудбалери на кои би требало да се „обрне внимание“. На 1 јули 2009, тој потпишал нов долгорочен договор со Арсенал.Ramsey agrees new deal at Arsenal, BBC Football. Retrieved 2 July 2009.

На 22 август 2009 година, Рамзи го постигнал својот прв гол во лигата за Арсенал излегувајќи еден на еден против голманот Дејвид Џејмс во победата над Портсмут со 4-1 на домашен терен. Неколку дена подоцна тој му асистирал за гол на Андреј Аршавин во победата со 3-1 над Селтик во плејоф квалификациското коло од Лигата на шампионите.Arsenal 3–1 Celtic , Arsenal F.C. Retrieved 30 August 2008. Наградата за играч на натпреварот Рамзи за првпат ја добил во победата над Ливерпул со 2-1 во четвртото коло на Лига купот, презентирајќи импресивен настап во кој забележал и асистенција за голот на Никлас Бентнер.

thumb|left|200px|Рамзи играјќи против Стоук Сити во 2010 Својот прв старт во почетната постава во натпревар од Премиер лигата за сезоната го имал на 7 ноември 2009 година кога Арсенал го победил Вулверхемптон Вондерерс со 4-1 на Молинју; Рамзи ги одиграл сите 90 минути, за првпат во неговата кариера во натпревар од највисоката фудбалска лига на Англија. Четири дена по натпреварот, тој бил избран за добитник на наградата „Велшки млад фудбалер на годината“. На 5 декември 2009 година, Рамзи го постигнал својот втор лигашки гол за сезоната во победата со 2-0 над Стоук Сити. На 30 декември, Рамзи го постигнал својот трет гол за сезоната, додавајќи уште една асистенција во победата со 4-1 над Портсмут. На 3 јануари 2010 година, Рамзи го постигнал изедначувачкиот гол за "топџиите" во 78-мата минута од натпреварот против Вест Хем Јунајтед на Аптон Парк од третото коло на ФА Купот. Арсенал победил со 2-1, откако Едуардо пет минути подоцна го постигнал победничкиот гол, а Рамзи бил избран за играч на натпреварот. Задоволен од неговиот настап, менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, го опишал Рамзи како „Рој Кин со напаѓачки одлики“ и како „играч кој ги поседува подеднакво сите квалитети, со одлична одлика да го покрива секој дел од теренот“.The Official Arsenal Magazine Volume 8 Issue 07