Исмаел Бенасер (роден на во , Франција) — алжирски професионален фудбалер кој настапува за ФК Милан, во италијанската Серија А, на позиција среден ред. Клупска кариера Рани години
Откако ја започнал својата кариера во францускиот клуб Арл, Бенасер потпишал за премиерлигашот Арсенал во јули 2015 година. Тој дебитирал за Арсенал во четвртото коло во Лига купот на гостувањето кај Шефилд Венздеј на 27 октомври 2015 година, заменувајќи го Тео Волкот по 19 минути игра.
На 31 јануари 2017 година било објавено дека Бенасер ќе се приклучи на ФК Тур како позајмен играч за остатокот од сезоната 2016-17 . Тој го постигнал својот прв гол за Тур на 14 април 2017 година против Сошо од слободен удар.
На 21 август 2017 година, Бенасер се приклучил на италијанскиот клуб Емполи. Во сезоната 2017-18 во Серија Б, Бенасер забележал 39 настапи и постигнал 2 гола, а Емполи ја освоил титулата во Серија Б и следната година обезбедил место во Серија А. И покрај испаѓањето на Емполи следната сезона, настапите на Бенасер го потврдиле неговиот статус на еден од најперспективните млади играчи од средниот ред во Европа.
Милан
На 4 август 2019 година, Милан објавил дека потпишал со Бенасер за сума од 16 милиони евра плус бонуси. Тој бил подложен на медицински прегледи на 23 јули и потпишал петгодишен договор, со пријавена плата од 1,5 милиони евра по сезона. Тој дебитирал за клубот на 25 август, влегувајќи како замена во второто полувреме во поразот од 1-0 на гостувањето кај Удинезе во Серија А, додека на домашен терен дебитирал на 31 август во победата на Милан со резултат од 1–0 над Бреша. На 18 јули 2020 година, тој го постигнал својот прв гол за клубот во победата од 5-1 на домашен терен над Болоња во Серија А.
Репрезентативна кариера
На репрезентативно ниво, настапувал за младата репрезентација на Франција до 18 и 19 години, по подоцна избрал да настапува за Алжир, со кој го освоил Африканскиот куп на нации во 2019 година. Тој дебитирал за Алжир на квалификациите за Купот на Африка во 2017 година, во победата над Лесото со 6-0. Бенасер бил повикан на 11 јануари 2017 година во составот на Алжир за Африканскиот куп на нации во 2017 година, за да го замени Сафир Тадер, кој се здобил со повреда на тренинг.
На Африканскиот куп на нации 2019, Бенасер му помогнал на Алжир да стигне до својата прва титула во последните 29 години, завршувајќи го натпреварувањето како играч со најмногу асистенции, заедно со Франк Кесие, со три асистенции, вклучително и една за победничкиот погодок на Багдад Бунеџа против Сенегал во финалето на 19 јули. Подоцна бил избран и за „Најдобар млад играч“ и за „Најдобар играч“ на турнирот.
Стил на игра Динамичен, жилав, енергичен, низок и разноврсен левоножен играч, кој се смета за многу ветувачка перспектива во современиот фудбал, Бенасер е способен да игра во неколку улоги во средниот ред и бил користен како длабок лажен плејмејкер во имајќи улога во средниот ред, како играч за врска, или како централен играч за врска со офанзива, познат како улога на мецала во италијанскиот фудбал. Неговите главни одлики се неговата брзина, визија, интелигенција, присебност, вештини за дриблинг, додавање и техника; тој е исто така познат по неговата способност да премине од одбрана во напад.
Личен живот Бенакер е роден во Арл, Франција од татко Мароканец и мајка од Алжирка. Тој се опишал себеси како побожен муслиман кој ја практикува верата, молејќи се 5 пати на ден, вклучително и на тренинзи и паузите на полувремеhttps://www.acmilan.com/en/news/video-photogallery/milan-tv/2020-01-22/meet-ismael-bennacerhttps://www.youtube.com/watch?v=-uLA-suAXyI 9:09.
Статистика Клупска
+ Настапи и голови по клубови, сезони и натпреварувањаКлубСезонаЛигаНационален куп Лига купОстанатоВкупноЛигаНат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.Нат.Гол.Арл Авињон II2013–14ШН 220———202014–15140———140Вкупно160———160Арл Авињон2014–15Лига 2601100—71Арсенал2015–16Премиер Лига0000100010Тур (позајмица)2016–17Лига 21610000—161Емполи2017–18Серија Б39200——3922018–19Серија А37010——380Вкупно762100000772Милан2019-20Серија А31140——3512020–2121000—9Appearance(s) in UEFA Europa League03002021–2231230—6Appearance(s) in UEFA Champions League04022022–2328210—1014032023–240000—0000Вкупно84370001501063Вкупно198691101502237
Репрезентативна
АлжирГодинаНатпревариГолови2016102017302018302019150202031202171202280Вкупно402
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Алжирски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Емполи Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери во Серија Б Категорија:Француски фудбалери