мини|десно|Манастирот „Свети Андреја“ Андрејаш бил втор син на кралот Волкашин, брат на кралот Марко и млад крал. По смртта на татка си во 1371 година, кога брат му Марко ја презел кралската титула, Андрејаш станал млад крал.

Ја управувал областа југозападно од Скопје, по долината на реката Треска, во Порече и Кичевско. Водел одвоени финансии од неговиот брат Марко, ковал сопствени монети и издавал повелби. Во 1388/1389 година го подигнал манастирот „Свети Андреја“ на реката Треска, во близина на Скопје и го дарувал со богати имоти. Пред турската опасност, летото 1394 година, заедно со неговиот брат Димитар, ја напуштил Македонија и преку Дубровник, заминал во Унгарија во служба на унгарскиот крал Сигизмунд во 1393/4 година. Починал пред 1399 година.

Наводи

Литература

Георгије Острогорски, Серска област после Ду[анове смрти, во книгата: Византија и Словени, Београд, 1970, 435-456; Лазар Мирковиќ, Мрњавчевиќи, Старинар III (1924 - 1925), Београд, 1925, 11-26; Сима Ќирковиќ, Поклад Краља Вукашина, Зборник Филозофског факултета, XIV-1. Споменица Фрања Баришиќа, Београд, 1979, 153-161.

Категорија:Мрњавчеви