ФК Вардари Форино — македонски фудбалски клуб од село Форино, Општина Гостивар. Клубот моментално се натпреварува во Втората фудбалска лига на Македонија - Запад.

Историја Клубот бил формиран во 1974 година.

На крајот на ноември 2020 година, после 11 кола во Втората лига - Запад 2020/21, Вардари се повлекол од натпреварувањето поради финансиски причини. Но со финансиската инјекција од 100 илјади денари од страна на Општина Гостивар, клубот продолжил да настапува во второлигашкото првенство.

Наводи

Надворешни врски Фејсбук страница на клубот Информации за клубот на MacedonianFootball Фудбалска федерација на Македонија

В Категорија:Појавено во 1974 година во Македонија Категорија:Општина Гостивар