Фудбалската репрезентација на Косово го претставува Косово на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Косово.
Членка на ФИФА и на УЕФА е од мај 2016 година.
Историја Пред прогласувањето на независност Репрезентациите на Југославија, Србија и Црна Гора и Србија на меѓународните натпреварувања често вклучувале играчи од Косово, како што се Фадил Вокри и Стеван Стојановиќ. Три играчи (Милутин Шошкиќ, Фахрудин Јусуфи, Владимир Дурковиќ) биле дел од тимот на Југославија кој освоил златен медал на Летните олимписки игри 1960 и сребрен медал на Европското првенство 1960 година.
Неофицијалната репрезентација на Косово била формирана по распадот на Југославија и тогаш одиграле низа на пријателски натпревари. Повеќето од овие натпревари биле одиграни против клубови, но некои од нив биле играни и против други репрезентации.
Официјално формирање На 6 мај 2008 година, по прогласувањето на независност од Србија, Косово поднело барање за членство во ФИФА. Барањето на Косово било разгледувано на Конгресот на ФИФА во Цирих во октомври 2008 година, кога советот на ФИФА одлучил да го одбие барањето за членство на Косово и со тоа тие повеќе не можеле да играат ниту пријателски натпревари затоа што сметале дека не е во склад со членот 10 од статутот на ФИФА, да само "независна држава призната од страна на меѓународна заедница" може да биде примена во ФИФА. Истата одлука ФИФА ја повторила на 22 мај 2012 година, наведувајќи дека Косово може да игра против другите земји во меѓународните пријателски натпревари според членот 79 на статутот на ФИФА.
Во септември 2012, албанскиот репрезентативец Лорик Цана заедно со швајцарските репрезентативци Џердан Шакири, Гранит Џака и Валон Бехрами (сите тие имаат косовско-албанско потекло) напишал изјава до претседателот на ФИФА Сеп Блатер, барајќи од него да дозволи Косово да игра пријателски натпревари. Изјавата ја потпишале и осум други албански фудбалери, кој се од Косово: Арменд Далку, Мергим Маврај, Самир Ујкани, Албан Меха, Бурим Кукели, Етрит Бериша и Ахмед Јанузи. На состанокот одржан во мај 2012 година, ФИФА одлучила да му дозволи на Косово да игра пријателски натпревари, но потоа ја укинала дозволата поради протестот на Фудбалскиот сојуз на Србија. Некој играчи, посебно косовски Срби (како што се Милош Красиќ и Милан Бишевац), продолжиле да играат за фудбалската репрезентација на Србија. По примањето на изјавата бил планиран да се одржи нов состанок на 27 и 28 септември на кој повторно требало да бидат разгледани барањата на Косово, но подоцна истиот е одложен за декември. Во февруари 2013 година, ФИФА најавила дека ќе му овозможи на Косово да игра против други земји во неформални натпревари, под услов да не се прикажуваат национални симболи.
На 13 јануари 2014 година, фудбалската репрезентација на Косово добила дозвола од ФИФА да може да игра против членките на ФИФА во меѓународни пријателски натпревари, со исклучок на "репрезентациите на земјите од бивша Југославија". После состанокот на Итната комисија на ФИФА, исто така било дозволено и на клупските екипи да играат пријателски натпревари. Меѓутоа, предвидено било клубовите и репрезентативните екипи (Фудбалскиот сојуз на Косово) да не смеат да прикажуваат нбационални симболи (знамиња, грбови итн.) или да пуштаат национални химни. Уште еден чекот напред бил направен по состанокот помеѓу Сеп Блатер и Фудбвалскиот сојуз На Србија. Премиерот на Косово Хашим Тачи ја поздравил одлуката и изразил надеж дека земјата во блиска иднина ќе биде полноправна членка на ФИФА и УЕФА. По одлуката на ФИФА, бил најавен и првиот официјален натпревар на Косово против Хаити на 5 март во Косовска Митровица.
Во март 2015, Мишел Платини, претседателот на УЕФА, изјавил дека најверојатно Косово ќе биде прифатено од УЕФА во 2016 година.
Во септември 2015 на состанокот на Извршниот одбор во Малта, УЕФА го одобрила барањето на федерацијата за прием во УЕФА на следниот редовен конгрес кој требало да се одржи во Будимпешта на 3 мај 2016 година. На редовниот конгрес на 3 мај 2016 година, Косово било прифатено во УЕФА откако членовите гласале со резултат 28-24 во корист на Косово.
На 13 мај 2016 година Косово било прифатено и од ФИФА на 66-тиот конгрес во Мексико со 141 глас за и 23 против. На здружението покрај Косово му се приклучил и Гибралтар како 210-та и 211-та членка на ФИФА.
Првите квалификациски циклуси за СП и ЕП На 9 јуни 2016, репрезентацијата на Косово за првпат се нашла во ждрепката за квалификации за некое натпреварување. Тие биле извлечени во групата И заедно со репрезентациите на Хрватска, Финска, Исланд, Турција и Украина. Поради сигурносни причини Панелот за итни случаи на УЕФА одлучил Босна и Херцеговина и Србија да не можат да бидат во група со Косово. На 5 септември 2016, Косово го направило своето деби во квалификациите за Светско првенство играјќи нерешено 1-1 против Финска, а првиот гол за Косово во квалификациите го постигнал Валон Бериша од пенал во 60-тата минута за израмнување на резултатот. Сепак, тој освоен бод против финците во гости останал единствениот за Косово во нивните први квалификации бидејќи репрезентацијата забележала девет порази во останатите девет натпревари со што завршиле на дното на групата.
Квалификации за Светско првенство 2018
Во декември 2018, Косово земало учество во својте втори квалификации, први за Европско првенство. Тие биле извлечени во групата А, заедно со репрезентациите на Англија, Чешка, Бугарија и Црна Гора.
Настапи на големите турнири Светско првенство Светско првенствоКвалификации за Светско првенство 201810019324 2022 Ќе учествуваат во квалификациите Ќе учествуваат во квалификациитеВкупно0/2200000010019324
Европско првенство
Европско првенство Квалификации за Европско првенствоРундаСостави1960–1992 Учествувале во состав на Југославија Учествувале во состав на Југославија1996–2004 Учествувале во состав на Србија и Црна Гора Учествувале во состав на Србија и Црна Гора 2008 Не учествувале Не учествувале 2012 2016 2020 Учествуваат во квалификациите 000000 В К У П Н О 0/3000000 - 000000
Стадиони На 12 јули 2019, било објавено дека Косово ќе гради стадион со капацитет од 30.000 места.
Домашни стадиони на Фудбалска репрезентација на КосовоСликаСтадионКапацитетЛокацијаПрв натпреварПоследен натпревар8Стадион Фадил Вокри13,500Приштина, Косовоv. , 7 септември 2002 (неофицијален)v. , 7 септември 20195Стадион Лоро Боричи16,000Скадар, Албанијаv. , 6 октомври 2016v. , 6 октомври 20173Стадион Адем Јашари18,500Косовска Митровица, Косовоv. , 5 март 2014v. , 13 неомври 2017
Играчи Моментален состав Ажурирано: 7 септември 2019.
! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" | |----- bgcolor="#DFEDFD"
! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" | |----- bgcolor="#DFEDFD"
! colspan="9" bgcolor="#B0D3FB" align="left" | |----- bgcolor="#DFEDFD"
Статистика на играчите Играчи со најмногу настапи Последна промена 10 септември 2019.
МестоПозицијаИмеКариераНастапиГолови1ОД2014–2642ГМ2014–2503СР2016–2444НП2016–2275СР2015–211ОД2017–2117СР2015–1908СР2016–187ОД2014–18110СР2014–172ОД2017–170
Играчи со најмногу постигнати голови Последна промена 10 септември 2019. МестоПозицијаИмеКариераГоловиНастапиПросек1СР2016–718НП2016–7203ОД2014–424СР2016–424НП2015–476СР2016–312НП2014–201636СР2016–3169СР2014–215НП2017–214СР2018–212НП2005–201527
Селектори Хронолошки список на сите селектори кои го воделе Косово од 1993 година.
ТренериОдДоСкор Ајет Шошоли1993 Билбил Соколи2002 Муарем Саити20052006 Едмонд Ругова2006 Кујтим Шала20062008 Алберт Бунџаки20092017 Муарем Саити (привремен)2017 Бернар Шаланде2018денес
Наводи
Надворешни врски
Косово на National Football Teams Косово на RSSSF
Категорија:Фудбалот во Косово Косово