Големо Корабското Езеро е природно ледничко езеро на планината Кораб, под самиот врв Голем Кораб, во Македонија. Поточно, тоа се наоѓа непосредно на источното подножје под врвот Голем Кораб во најнепосредна  близина  на  водоразделот помеѓу  реката  Радика  и  реката  Прој  Радомирс  во  Албанија. Сместено на најголема надморска височина 2,470 м, со што тоа е и највисокото езеро и водна површина во Македонија. Зафаќа површина од 800 м2 и има длабочина  од само 20 см. Неговата длабочина на пролет при висок водостој изнесува 15‐20 см. Езерото се храни со вода од врнежите и топење на снежниците. На североисточниот крај езерото има истека од која потекува главниот изворишен речен ракавец на Длабока Река. Именувањето на езерото како Големокорапско е според неговата местоположба во непосредната близина на врвот Голем Кораб, а не поради одликите на големината, според што тоа е помало од блиското Малокорапско Езеро.

Галерија

Наводи

Категорија:Корапски езера Категорија:Кораб