Изер (, , ) — река во регионот Оверњ-Рона-Алпи, југоисточна Франција. Извира од ледник на Грајските Алпи во Савоја, близу скијачкото гратче Вал д'Изер на границата со Италија. Се влева како крупна лева притока на Рона неколку километри северно од Валанс.
Хидронимот се среќава во имињата на разни населени места во поречието како што се Сент Елен на Изер и Роман на Изер. По реката е наречен и департманот Изер.
Географија Изер е долг 286 км и минува низ најразлични предели: од извориштето на италијанската граница во Западните Алпи минува низ Савојскиот Крај и долината Тарантез, прави засек меѓу планинските венци Шартрез и Белдон, па го следи обликот на масивот Веркор. Потоа реката минува низ историската покраина Дофине и се влева во Рона во крајот Виваре.
Долини Горната долина на Изер го носи името Тарантез, а средната — Грезиводан.
Долната долина сочинува дел од Валанската Низина (наречена и Валентиноа)Ravit, Philippe (2007). Le paysage valentinois, de la fondation de la colonie de Valentia (Valence) au IIIème siècle ap. J.-C. (дисертација). Université Jean Moulin Lyon 3. стр. 202. со длабоко и кривулесто корито. Место да прави пошироки брегови, Изер со времето го продлабочувал коритото, образувајќи скалести тераси. Долината има јасно изразени граници и е релативно тесна, не надминувајќи 2 км во ширина.
Последователното наносно таложење (во периодите на квартарско заледникување) и предлабочување (во меѓуледничките периоди) довело до создавање на терасите, врз кои луѓето граделе населби како што е гратчето Сен Марсел ле Валанс. Ова се случило со масивното насобирање на речен нанос врз тло од миоценска моласа. Денес овие тераси се главна одлика на Валанската Низина.
Утока 250п|мини|десно|Изер низ низинските предели на Савоја. мини|250п|Утоката на Изер (лево) во Рона (десно) кај Ла Рош де Глин. Изер првично се спојува со еден од расточните канали на Рона кај Пон де л'Изер, кој прокопан за пловни цели. Каналот образува остров на кој се наоѓа населено место Ла Рош де Глин. Овде има брана која пропушта еден дел од водата во Рона, а другиот му овозможува да продолжи, и да ја одмине браната Бур ле Валанс пред да стаса до конечната утоката во Рона.
Поважни притоки = лева притока, = десна притока Дорон де Бозел (38,7 км) Дорон де Шампањи (15,9 км) Дорон де Али (20,9 км) Дорон де Белвил (28,6 км) Арли (34,5 км) Шез (24 км) Дорон де Бофор (24,1 км) Арк (127,5 км) Драк (130,3 км) Северес (32,9 км) Сулоаз (25,6 км) Бон (40,1 км) Еброн (32,1 км) Романш (78,4 км) Грес (34,6 км) Ванс (17,2 км) Морж (27,2 км) Фир (25,3 км), преку Моршкиот Канал Бурн (43,1 км) Вернезон (32 км) Ербас (40 км)
Градови по течението Реката тече низ следниве позначајни населени места, наведени во нивните департмани: Савоја: Вал д'Изер, Бур Сен Морис, Ем, Мутје, Албервил, Монмелјан Изер: Поншара, Гренобл, Вореп Дром: Роман на Изер, Пон де л'Изер, Ла Рош де Глин
Хиидрологија Реката е долга 286 км, а нејзиниот слив зафаќа површина од .
Протокот на реката кај Бомон Монте изнесува , што е утврдено со мерењата вршени во текот на 58 години (1956-2015) близу утоката во Рона.
Изер има значајни сезонски колебања својствени за реките кои се напојуваат претежно од истопен снег. Високиот водостој е од април до јули, со просечен месечен проток помеѓу и (најголем во мај и јуни); нискиот водостој е од август до февруари, при што најмалиот месечен просек од е во септември. Од ова може да се заклучи дека Изер е мошне полноводна во текот на годината.
Галерија
Поврзано Изер (река во Фландрија)
Наводи
Надворешни врски
Изер во Енциклопедија Британика Портал за браните на Изер, Драк и Романш Течението на Изер на OpenStreetMap
Категорија:Реки во Франција Категорија:Реки во Оверњ-Рона-Алпи Категорија:Изерски слив Категорија:Дром Категорија:Изер Категорија:Савоја (департман)