Опел Адам (германски: Opel Adam) — мал автомобил кој се произведува од страна на германската марка на автомобили Опел од 2012 година. Името Адам доаѓа од основачот на компанијата Адам Опел. Моделот се продава под најразлични други брендови (особено Воксхал во Велика Британија). Тој бил претставен во Франција на Саемот за автомобили во Париз во 2012 година, со продажба што започнала во почетокот на 2013 година.
На 10 октомври 2018 година, Опел и неговата британска подружница, Воксхал, објавиле дека ќе ја оптимизираат својата постава на моделот и ќе се фокусираат на сегменти со голем волумен.
Според тоа, ниту еден наследник нема да го замени Адам, бидејќи компанијата ја најавила намерата да се фокусира на SUV, особено на новата Опел Мока, како дел од стратегијата за зголемување на продажбата на компанијата од 25% на 40% до 2021 година. На 29 април 2019 година, завршило производството на Адам.
Преглед
Ако се земат предвид сите можности за персонализација, Адам може да се нарача во една од 61.000 комбниации за екстериерот или 81.000 за ентериерот. Производството започнало во фабриката Ајзенах во Германија во јануари 2013 година, покрај Корса. Гледан од предната страна, Адам поседува интересно поставене предни светлосни структури кои му даваат привлечен лик на малиот автомобил, а предниот дел кој е ниско до подлогата го прави да изгледа како мала бубачка, подготвена за интересни маневри. Кровната линија која неприродно опаѓа по Б-столбот визуелно значително го скратува Адам и ја нарушува страничната хармонија. Задниот дел е со најмногу компромиси – за да биде вратата од багажниот простор поголема, задните светлосни структури морале да бидат помали. 16-инчни фелни со кои бил опремен тест-моделот ја заокружуваат сликата за мал, тренди и интересен градски автомобил.
На моделот Опел Адам, инженерите посветиле поголемо внимание на ентериерот. Внатрешноста е опремена со комфорни седишта, голем мултимедијален уред со IntelliLink, управувач и менувач обложен со кожа. На предните седишта има доволно простор за возачот и совозачот, но задните седишта се пократки. Одличен додаток е City режимот на серво-управувањето кое дополнително го олеснува вртењето на управувачот и навистина го прави маневрирањето и паркирањето лесно и едноставно. Суспензијата е мека и ги впива сите нерамнини, но резултат на тоа е навалувањето во свијоци. На отворен пат Adam е комфорно место за седење со солидна звучна изолација. Адам се заснова на скратена верзија на платформата Корса D. Хечбекот со три врати е со должина од 3,70 метри и ширина од 1,72 метри, а седиштата се за четири лица.
Сигурност
Адам одлично поентира и кога станува збор за безбедноста – освоените четири ѕвездички на Euro NCAP тестирањата се одличен резултат. Моделот се состои од шест воздушни перничиња, ABS, EBD и уште цела низа други системи се од исклучителна важност.
Награди
Опел Адам ја добил наградата за дизајн на автомобили Red Dot во април 2013 година. Во ноември 2012 година, читателите на „Auto Zeitung“ во Германија гласале за „Опел Адам“ како број еден градски автомобил. На 38-та награди за избор на читатели на трговскиот магазин „Ауто мотор ун Спорт“, автомобилот ја освоил категоријата мини автомобили со 24,2 проценти од гласовите, победувајќи ги Фолксваген Уп (23,9 проценти) и Мини (16,6 проценти).
Мотори
Од претставувањето, имало избор на три мотори: 1,2 L 70PS (124 g / km CO2), и 1,4 L со 87 КС и 100 КС (129 g / km CO2). Сите мотори се достапни во режим ecoFLEX со помала емисија на CO2, 1,2 ecoFLEX со 118 g / km и 1,4s со 119 g / km. Од пролетта 2014 година, Опел вовел 1,0 три цилиндричен SIDI Turbo мотор.
Petrol engineМоделМоторЗафатнинаСилаВртежиЗабелешкаCO2 (g/km)Year1.2 ecoFLEX]] S/S||I4||1,229 cc|| @5,600 врт/мин|| @4,000 врт/мин||||115||2012– |- style="background:#fff;" |rowspan="2"|1.4 ecoFLEX S/SI41,398 cc @6,000 врт/мин @4,000 врт/мин1192012– @6,000 врт/мин @4,000 врт/мин1192012–1.0T SIDI S/SI3998 cc @4,000-6,000 врт/мин @1,800-3,600 врт/мин992014– @5,000-6,000 врт/мин @1,800-4,700 врт/мин992014–
Продажба
„Опел“ планирал да продаде помеѓу 40.000 и 50.000 единици годишно во Европа и продал над 45.000 во својата прва година, иако продажбата сè уште била во почетен режим во првите два месеци од 2013 година. Продажбата се зголемила во првите четири месеци од 2014 година.
Опел Адам не се продава во Данска, Норвешка, Шведска, Турција, Чиле, како и во земјите на ЗНД. Сингапур е еден од ретките пазари надвор од Европа кој го продава Опел Адам.
Спецификации Модел 1.6 Ecotec 16V Број на цилиндри R4 Зафатнина на мотор (cm³) 1,598 Сила (kW/PS) 103/140 at 6,500 Вртежи (Nm) 160 на 4,700 Максимална брзина (км/ч) до 185 Резервар 42 литри Цена без VAT 24,900 EUR
(Извор: Opel Magazine)
Наводи
Надворешни врски
Official Opel Adam Ireland website
Адам Опел Корса