Рено Клио () – автомобил што го произведува француската фабрика за автомобили Рено. Се произведува од 1990 година.
Историјат Рено Клио е супермини возило, кое било лансирано во 1990 година, и моментално е актуелна четвртата генерација од 2012 година. Клиото има голем комерцијален успех и константно е еден од најпродаваните автомобили во Европа. Му се припишуваат големи заслуги за враќање на Реноовата репутација која било сериозно разнишана во текот на 1980-тите години. Рено Клио е единствен автомобил, покрај Фолксваген голфголфот кој двапати бил прогласуван за најдобар европски автомобил на годината, 1991 и 2006 година. Во Јапонијау се продава под називот Лутеција (Renault Lutecia), бидејќи Хонда го поседува правото на името „Клио“.
Клио I (1990–1998)
Клиото од првата генерација било претставено на саемот во Париз во 1990 година, како замена за Рено 5. Во 1991 година ја добило титулата европски автомобил на годината. Било редизајнирано во 1994 и 1996 година. Биле вградувани бензински мотори од 1,2 (54 и 58 КС), 1,4 (75 и 79 КС), 1,8 (88, 90, 107, 109 и 135 КС), 2,0 Клио Вилијамс (147 КС) и дизел-мотор од 1,9 (64 КС).
Клио II (1998–2005)
Рено Клио 2 се појавил во 1998 година, а освежувања доживеал во 2001 и 2004 година. Во понудата на мотори доминирале малите бензински мотори 1,2 со 58 и 75 КС, но понудени биле мотори и од 1,4 (75, 95 и 98 КС), 1,6 (90 и 107 КС), 2,0 Клио спорт (169, 174 и 180 КС) и 3,0 л (226 и 254 КС). Од 2002 година добил еластичен дизел-мотор со 65 и 82 КС. Голема популарност стекнал со доверливоста на едноставната конструкција и добра понуда на простор напред. Во 1999 година Рено ја лансирал верзијата седан со четири врати со име Рено симбол за пазарите во Турција и Источна Европа, односно рено талија за Средна Европа. Моделот бил наменет за пазари во развој каде седаните се традиционално посакани од хечбек верзиите, пред сè во Источна Европа каде талија била поевтина од Клиото.
Клио III (2005–2012)
Третата генерација се појавила во 2005 година на саемот за автомобили во Франкфурт. Развиен е во соработка со Нисан. Значително е поголем и потежок од претходните генерации. Првпат се користела картичка за стартување на автомобилот.. Клио III во 2005 година на креш тестовите Euro NCAP добил максимални пет ѕвездички. Во 2006 година ја добил титулата европски автомобил на годината. Верзијата караван била претставена во 2007 година под името спортс турер. Редизајниран бил во 2009 година кога го добил новиот изглед на предниот дел. Во ентериерот биле вградувани поквалитетни материјали и бил подобро опремен од моделите пред редизајнот. Користел бензински мотори од 1,0 (58 и 77 КС), 1,2 (54, 58, 60, 76 и 101 КС), 1,4 (75, 80 и 98 КС), 1,6 (88, 110 и 112 КС), 1,7 (90 КС), 1,8 (95, 110 и 137 КС), 2,0 (135, 145, 172, 182 и 197 КС), 3,0 (230 и 255 КС) и дизел-мотори од 1,5 (65, 68, 82, 86, 90, 101 и 106 КС) и 1,9 (68 и 80 КС).
Клио IV (2012–2019)
Четвртата генерација била претставена во 2012 година на саемот за автомобили во Париз. Значајна разлика од претходната генерација е меѓуоскиното растојание кое е значително поголемо и е близу до она на компактен автомобил. Незначително е подолг и поширок од претходната генерација. Клио IV на пазарот е достапен исклучиво како модел со пет врати, за разлика од претходните генерации кога моделите биле со три и пет врати. Во почетокот на 2013 година излегла верзијата караван. Рачките на задните врати се скриени во столбот. Ентериерот се одликува со елегантен дизајн, со инструмент-табла чиј изглед потсетува на облик на авионско крило. Опремен е со дигитален брзиномер, додека на централната конзола со минималистички изглед се сместени инфо-забавниот систем и навигацијата, а 7-инчниот екран е стандарден во одредени пакети опрема. . Осим у Француској модел се производи и у Турској.
Клио IV во 2012 година на креш тестовите Euro NCAP добил максимални пет ѕвездички. Користи бензински мотори од 0,9 (90 КС), 1,2 (75 КС) и дизел-мотори од 1,5 (75 и 90 КС
Мотори - рено Клио 4
Бензински мотори Мотор Код Зафатнина Макс. снага Вртежен момент Макс. брзина Забрзување 0–100 км/ч Потрошувачка 0,9 12v Energy TCe H4Bt 400 898 ццм 90 КС (67 кB) при 5250 врт./мин. 135 Nm при 2500 врт./мин. 182 км/ч 12,2 с 4,5 л/100 км 0,9 12v Energy TCe 99g H4Bt 400 898 ццм 135 Nm при 2500 врт./мин. 185 км/ч 13,0 с 4,3 л/100 км 1,2 16v 75 D4F 740 1.149 ццм 75 КС (56 кB) при 5500 врт./мин. 107 Nm при 4250 врт./мин. 167 км/ч 14,5 с 5,5 л/100 км 1,2 16v TCe 120 H5Ft 1.149 ццм 119 КС (89 кB) при 4900 врт./мин. 190 Nm при 2000 врт./мин. 199 км/ч 9,4 с 5,2 л/100 км 1,2 16v Energy TCe 120 H5Ft 1.197 ццм 118 КС (88 кB) при 5500 врт./мин. 205 Nm при 2000 врт./мин. 199 км/ч 9,0 с 5,3 л/100 кмДизел мотори 1,5 8v dCi 75 K9K 612 1.461 ццм 75 КС (56 кB) при 4000 врт./мин. 200 Nm при 1750 врт./мин. 168 км/ч 14,3 с 3,6 л/100 км 1,5 8v Energy dCi 90 K9K 608 1.461 ццм 90 КС (67 кB) при 4000 врт./мин. 220 Nm при 1750 врт./мин. 178 км/ч 11,7 с 3,4 л/100 км 1,5 8v Energy dCi 90 83g K9K 608 1.461 ццм 90 КС (67 кB) при 4000 врт./мин. 220 Nm при 1750 врт./мин. 180 км/ч (112 mph) 12,1 с 3,2 л/100 км
Наводи
Надворешни врски
Netcarshow: Renault Clio IV
Клио Категорија:Мали автомобили