Златна топка на ФИФА () – поранешна награда која се доделувала во периодот од 2010 до 2015 година за најдобриот фудбалер на светот врз основа на гласовите на селекторите и капитените на државните репрезентации, како и спортски новинари ширум светот. мини|десно|170п|Сеп Блатер ја промовира Златната топка на ФИФА како нова награда во јули 2010 година

Наградата била доделувана во почетокот на јануари за успеси во претходната година во склоп на гала вечерата на ФИФА кога биле доделувани и наградите за најдобра фудбалерка, женски и машки тренер, најдобрите единаесетмина, најдобриот гол, фер-плеј трофејот, претседателската награда и наградата за развој. Воспоставена во 2010 година со спојување на наградите Златна топка и Фудбалер на годината на ФИФА.

Златната топка (Ballon d'Or) првпат била доделена во 1957 година од страна на француското фудбалско списание "Франс фудбал". Во изборот гласале новинарите, првично за играчи од Европа во европски клубови, потоа за сите играчи во европските клубови и на крајот, за сите фудбалери на светот. Во 1991 година ФИФА првпат ги доделила наградите за фудбалер и фудбалерска на годината. Гласале селекторите и капитените на репрезентациите. Од 2005 година двете награди ги добивале исти играчи и заради сличната намена дошло до идејата овие две признанија да се спојат во едно. Во текот на 2010 година, претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, објавил дека во соработка со „Франс фудбал“ е создадена нова награда. Последен пат наградата е доделена во 2015 година, после што повторно се доделуваат две различни награди: Златна топка, која ја доделува Франс фудбал и Најдобар фудбалер на ФИФА, награда која ја покренала ФИФА како наследник на наградата Фудбалер на годината на ФИФА.https://www.cambridge.org/core/journals/perspectives-on-politics/article/abs/messi-ronaldo-and-the-politics-of-celebrity-elections-voting-for-the-best-soccer-player-in-the-world/36CB5CB44D4C06866305408163A49290https://www.sportbible.com/football/ballon-dor-votes-lionel-messi-cristiano-ronaldo-665271-20230302

Список на добитниците

мини|десно|250п|Лионел Меси, четирикратен добитник на наградата мини|десно|250п|Кристијано Роналдо, двократен добитник на наградата Освојувачи на Златната топка на „Франс фудбал“ (1956-2009) Освојувачи на наградата Фудбалер на годината на ФИФА (1991-2009) ГодинаДобитник на Златната топкаВторопласиранТретопласиран 2010 Лионел Меси (Барселона) Андрес Иниеста (Барселона) Чави (Барселона) 2011 Лионел Меси (2) (Барселона) Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) Чави (Барселона) 2012 Лионел Меси (3) (Барселона) Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) Андрес Инијеста (Барселона) 2013 Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) Лионел Меси (Барселона) Франк Рибери (Баерн Минхен) 2014 Кристијано Роналдо (2) (Реал Мадрид) Лионел Меси (Барселона) Мануел Нојер (Баерн Минхен) 2015 Лионел Меси (4) (Барселона) Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) Нејмар (Барселона)

Поредок по освоени места Играчи Играч1. место2. место3. место<center>1 Лионел Меси<center>4 (2010, 2011, 2012, 2015)<center>2 (2013, 2014) <center> <center>2 Кристијано Роналдо<center>2 (2013, 2014)<center>3 (2011, 2012, 2015)<center> <center>3 Андрес Иниеста<center> <center>1 (2010)<center>1 (2012) <center>4 Чави<center> <center> <center>2 (2010, 2011)<center>5 Франк Рибери<center> <center> <center>1 (2013) Мануел Нојер<center> <center> <center>1 (2014) Нејмар<center> <center> <center>1 (2015)

Држави Држава1. место2. место3. место<center>1 Аргентина<center>4 (2010, 2011, 2012, 2015) <center>2 (2013, 2014) <center><center>2 Португалија<center>2 (2013, 2014)<center>3 (2011, 2012, 2015) <center><center>3 Шпанија<center> <center>1 (2010) <center>2 (2010, 2011, 2012)<center>4 Франција<center> <center> <center>1 (2013) Германија<center> <center> <center>1 (2014) Бразил<center> <center> <center>1 (2015)

Клубови Клуб1. место2. место3. место<center>117px Барселона<center>4 (2010, 2011, 2012, 2015) <center>2 (2010, 2014)<center>4 (2010, 2011, 2012, 2015)<center>217px Реал Мадрид<center>2 (2013, 2014)<center>3 (2011, 2012, 2015)<center><center>217px Баерн Минхен<center><center><center>2 (2013, 2014)

Наводи

Надворешни врски Официјална страница на семрежното место на ФИФА

Категорија:Златна топка Категорија:Награди на ФИФА Категорија:Фудбалски награди