Дилан Марлејс Томас (англиски: Dylan Thomas; 27 октомври 1914 - 9 ноември 1953) ― велшки поет и писател. Томас пишувал поеми, есеи, сценарија, автобиографски раскази, а негово капитално дело е радио-драмата Под млечната шума, кое постхумно во 1954 година било наградено со Prix Italia.
Иако Томас пишувал исклучиво на англиски јазик, тој се смета за еден од најважните велшки поети од 20 век. Познат е по неговата оригинална, ритмична и генијална употреба на зборови.
Животопис Дилан Томас е роден на 27 октомври 1914 година во Свонси, Велс. Во тинејџерските години го напуштил училиштето.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 351.
Творештво Дилан Томас пишувал на англиски јазик. Уште во тинејџерските години, во разни списанија, започнал да ги објавува своите најпознати песни кои го прославиле. Негови најпознати дела се: „Карта на љубовта“, „Портрет на уметникот како млад пес“, „Ќерките на Ребека“, „По панаѓурот“, „Посетител“, „Смртта и минливоста“.
Наводи
Категорија:Родени во 1914 година Категорија:Починати во 1953 година Категорија:Велшки писатели Категорија:Велшки раскажувачи Категорија:Проколнати поети