Опел Тигра (германски: Opel Tigra) — автомобил дизајниран и произведен од германскиот производител на автомобили Опел, кој се произведувал во периодот од 1994 до 2001 година и од 2004 до 2009 година. Првата и втората генерација се засновале на Опел Корса, произведувани во Шпанија и Франција.
Тигра била продавана во Обединетото Кралство како Воксхал Тигра, во Австралија како Холден Тигра, во Бразил, Аргентина и Мексико како „Шевролет Тигра“.
Тигра A (1994–2001)
Првата тигра се засновала на купе-концепт на автомобил со исто име што за првпат била прикажана на Саемот за автомобили во Франкфурт во 1993 година, заедно со отворениот концепт на Roadster и Scamp off roader. Премиерата на Тигра во Велика Британија се случила во октомври 1993 година, на London Motorfair.
Тигра е изградена на платформата на втората генерација на Опел Корса. Производството на возилото било претставено во почетокот на 1994 година, а моделите биле произведувани во фабриката на Опел во Сарагоса во Шпанија. Производството започнало во септември 1994 година.
Тигра немала панели за каросерија со Корса на која се засновала, а распоредот на ентериерот бил различен, но најголемите делови на моторот биле скоро исти. Тигра исто така вклучувала и варијанта на 2+2 патници. Поради стилското купе и компактните димензии на автомобилот, просторот на задното седиште било ограничено.
„Тигра“ била достапен со две опции за бензински мотори: 1.4 Л со 90 КС (66 kW) и поголема спортска верзија, напојувана од моторот 1.6 Л со 106 КС (78 kW).
Помалиот мотор бил достапен со опционален автоматски менувач со четири брзини. 1.6L моделот дошол со предни светла за магла како стандардна верзија, одлика недостапна за верзијата 1.4L. Автоматска опција за 1.4 била додадена во февруари 1995 година.
Суспензијата во суштина била непроменета од моделот на Корса, иако поставувањето било направено од Лотус. Сепак, автомобилот имал дополнителна тежина, со 150 кг над еквивалентните модели како Корса. Забрзувањето на моделот 1,6 L било 10,5 секунди, една секунда побавно од Корса GSi. Повисока максимална брзина од 203 км на час била добиена благодарение на повисоките стапки на брзини и понизок коефициент на влечење.
Автомобилот бил увезуван од ГМ и се продавал како „Шевролет Тигра“ во Бразил и Мексико, и како „Воксхал Тигра“ во Велика Британија. Бразилскиот Шевролет Тигра бил увезен само за неколку месеци, помеѓу крајот на 1998 до почетокот на 1999 година.
Производството завршило во јули 2001 година, со последниот продажен број ширум светот од 256.392. Во Германија, од 1994 до 2001 година, биле продадени 59.462 модели на автомобилот.
Тигра ТвинТоп B (2004–2009)
После отсуство од три години, Опел ја воскреснал „Тигра“ во јуни 2004 година. Моделот преттавува нов спортски автомобил заснован на третата генерација Опел Корса. Тигра ТвинТоп, како што се нарекувала на маркетите на Опел, поседувал две седишта (кабриолет).
Тој за првпат бил претставен на Саемот за автомобили во Женева во март 2004 година, а се произведувал во Серизе, Франција од страна на Heuliez.
Продажбата започнала во октомври 2004 година.
Како и неговиот претходник, Тигра била достапна со два бензински мотори. Основниот модел го користел моторот 1,4 Л со 90 КС (66 kW), од Family 0, додека најголемиот мотор поседувал Ecotec 1.8 L од Корса GSi, со 125 КС (92 kW). Економската верзија, која користела дизел мотор Multijet 1.3 на Фиат, била воведена во 2005 година.
Втората генерација била продавана во Австралија како XC серија на Холден Тигра, само со моторот 1,8 Л.
Производството завршило во мај 2009 година, со конечен број на производство од 90.874 единици.
Наводи
Надворешни врски
The European TwinTop communities startpage Opel Tigra Twin Top B , All About Cars, 2016
Тигра Опел Тигра Опел Тигра