ФК Пелистер — фудбалски клуб од Битола, Македонија, кој моментално настапува во Прва македонска фудбалска лига. Клубот е формиран по ослободувањето во 1945 година, иако негови претходници во Битола егзистираат од 1924 година. Клупските бои на Пелистер се зелената и белата. Клубот игра на градскиот стадион Тумбе кафе.

Историја ФК Пелистер е формиран во 1924 година, најпрво под името „Омладина“, кое подоцна било сменето во „Пелистер“, а подоцна во „СК Битола“. Клубот повторно се појавил под старото име „Пелистер“ по ослободувањето во 1945 година, а веќе во 1946 година станал првак во битолскиот фискултурен округ. Истата година, клубот се споил со "ФК Работник", но го задржал името Пелистер. Некои од попознатите играчи од тоа време биле: Ѓеоргиевски, Димитровски, Мицевски, Петровски, Наумовски, Лазаревски, Шекерџиевски, Аврамовски, Несторов и Ефтимовски.

Пелистер за првпат во својата историја влегол во втората југословенска лига во сезоната 1974/1975. Пелистер не успеал да се задржи подолго време во втората лига, но подоцна се вратил во лигата во 1982 година, кога на чело на клубот биле Митко Бутлевски и тренерот Иван Чабриновиќ. Пред распаѓањето на СФР Југославија, Пелистер настапувал и во Првата сојузна лига.

Натпревари во фудбалското првенство на Македонија По осамостојувањето на Република Македонија, Пелистер континуирано се натпреваруваше во првата македонска фудбалска лига сѐ до сезоната 2002/2003, кога клубот испаѓа од највисокото натпреварување во Македонија.

Пелистер нема освоено шампионска титула во првенството на Македонија, но двапати е освојувач на Купот на Македонија во 2001 и во 2017 година.

Сезона 2014-2015 Летото 2014 година, ФК Пелистер, кој бил во целосна сопственост на Општина Битола, добил нов спонзор - претпријатието Цермат". Истовремено, клубот добил нов претседател (Димче Шеровски), а за нов тренер бил назначен поранешниот тренер на клубот, Марјан Секуловски."Секуловски пак на клупата кај Пелистер", Дневник, година XVIII, број 5525, петок, 25 јули 2014, стр, 25.

Пелистер во Европа Резултати Сезона Натпреварување Коло Клуб Дома Гости Вкупен резултат 2000 Интертото куп 1К Хобшаид 3–1 1–0 4–1 2К Вестра Фрелунда 3–1 0–0 3–1 3К Селта Виго 1–2 0–3 1–5 2001–02 Куп на УЕФА 1К Санкт Гален 0–2 3–2 3–4 2008–09 Куп на УЕФА 1K АПОЕЛ 0–0 0–1 0–1 2017–18 Лига Европа 1К Лех Познањ 0–3 0–4 0–7

Играчи Моментален состав За сезона 2026/27

ПозицијаШеф на стручен штаб Борче ХристовПомошник тренер Горан ГанчевПомошник тренер Трајче СтојковскиКондициски тренер Саше ВелјановскиТренер на голмани Илче Петровски

Титули Македонска републичка лига: Победник (7): 1949–50, 1950–51, 1956–57, 1959–60, 1960–61, 1974–75, 1981–82

Втора македонска лига: Победник (2): 2005–06, 2011–12

Македонски републички куп: Победник (4): 1959, 1962, 1985, 1991

Куп на Македонија: Победник (2): 2000–01, 2016–17 Финалист (2): 1992–93, 1993–94

Навивачка поддршка Навивачите на Пелистер се викаат „Чкембари“.

Наводи

Надворешни врски Официјален портал Пелистер на Facebook Transfermarkt

Пелистер

Категорија:Појавено во 1924 година во Македонија