thumb|left|350px|Андреја Пирло (Италија) и Томас Милер (Германија) во натпревар меѓу двете репрезентации во полуфиналето на Европското првенство 2012. Фудбалските натпревари помеѓу Германија и Италија претставуваат фудбалски натпревари помеѓу фудбалската репрезентација на Германија и фудбалската репрезентација на Италија, двете најуспешни фудбалски нации во Европа. Севкупно, двете репрезентации имаат освоено осум Светски првенства (секоја по четири) и оствариле вкупно 14 настапи во финалето на турнирот (осум за Германија и шест за Италија) - повеќе од сите други европски репрезентации комбинирано.
Тие играле еден против друг пет пати на Светското првенство, а многу од овие натпревари се забележани како незаборавни во историјата на турнирот. Популарниот "Натпревар на векот", одигран во полуфиналето на Светското првенството 1970 помеѓу овие две држави во кој Италија победила со 4–3 по продолженија бил толку драматичен што бил одбележан со плакат на влезот на Стадионот Ацтека во Град Мексико каде што се одиграл. Покрај мундијалите, Германија исто така има освоено три Европски првенства додека Италија го освоила еднаш. Двете репрезентации се соочиле едни против други четирипати на Европското првенство, а исходот е три ремија (едно завршило со германски успех по изведувањето на пенали) и една победа на Италија.
Иако Германија беше подобра од Италија на меѓународни натпревари, Италија е доминантна во досегашните меѓусебни двобои со "панцирите", совладувајќи ја 15 пати на 35 натпревари, со 12 нерешени и 8 победи на Германија.Italy national football team: record v Germany Покрај тоа, Германија никогаш не ја победила Италија во официјален натпревар на голем турнир, сите победи на Германија над Италија се во пријателски натпревари, но сепак, Германија успеала да ја елиминира Италија на пенали по нерешените 1-1 по 120 минути игра во четвртфиналето на Европското првенство 2016. Исто така, ремито на Европско првенство 1996 во групната фаза исто така ја елиминирало Италија од турнирот, иако Германија веќе била квалификувана за нокаут фазата. Euro 96 Germany vs. Italy match report. Bundesliga Fanatic: CLASSIC EURO PERFORMANCES – GERMANY VS ITALY – 1996 – “ARRIVEDERCI ITALIA!”
Историја на досегашните натпревари Натпревари Германија - Италија border|225px border|225pxВкупно натпревари 35Вкупно натпревариПобеди 8ПоразиНерешени 12НерешениПорази 15ПобедиДадени голови 40Примени головиПримени голови 51Дадени голови
#ДатаЛокацијаДомаќинРезултатГостинНатпреварувањеДеталиНаводи 1 1 јануари 1923 Милано 3 – 1 Пријателска 2 23 ноември 1924 Дисбург 0 – 1 Пријателска 3 28 април 1929 Торино 1 – 2 Пријателска 4 2 март 1930 Франкфурт 0 – 2 Пријателска 5 1 јануари 1933 Болоња 3 – 1 Пријателска 6 15 ноември 1936 Берлин 2 – 2 Пријателска 7 26 март 1939 Фиренца 3 – 2 Пријателска 8 26 ноември 1939 Берлин 5 – 2 Пријателска 9 5 мај 1940 Милано 3 – 2 Пријателска 10 30 март 1955 Штутгарт 1 – 2 Пријателска 11 18 декември 1955 Рим 2 – 1 Пријателска 12 31 мај 1962 Сантјаго 0 – 0 СП 1962 13 13 март 1965 Хамбург 1 – 1 Пријателска 14 17 јуни 1970 Мексико 4 – 3 прод. СП 1970 15 26 февруари 1974 Рим 0 – 0 Пријателска 16 8 октомври 1977 Берлин 2 – 1 Пријателска 17 14 јуни 1978 Буенос Аирес 0 – 0 СП 1978 18 11 јули 1982 Мадрид 3 – 1 СП 1982 19 22 мај 1984 Цирих 1 – 0 Пријателска 20 5 февруари 1986 Авелино 1 – 2 Пријателска 21 18 април 1987 Келн 0 – 0 Пријателска 22 10 јуни 1988 Диселдорф 1 – 1 ЕП 1988 23 25 март 1992 Торино 1 – 0 Пријателска 24 23 март 1994 Штутгарт 2 – 1 Пријателска 25 21 јуни 1985 Цирих 2 – 0 Пријателска 26 19 јуни 1996 Манчестер 0 – 0 ЕП 1996 27 20 август 2003 Штутгарт 0 – 1 Пријателска 28 1 март 2006 Фиренца 4 – 1 Пријателска 29 4 јули 2006 Дортмунд 0 – 2 прод. СП 2006 30 9 февруари 2011 Дортмунд 1 – 1 Пријателска 31 28 јуни 2012 Варшава 1 – 2 ЕП 2012 32 15 ноември 2013 Милано 1 – 1 Пријателска 33 29 март 2016 Минхен 4 – 1 Пријателска 34 2 јули 2016 Бордо 1 – 1 (пен.6-5) ЕП 2016 35 15 ноември 2016 Милано 0 – 0 Пријателска
Наводи
Надворешни врски Историјат на досегашните натпревари Германија-Италија 1923-2016 на RSSSF
Италија Германија