Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Подрачно основно училиште „Браќа Миладиновци“ - Будаково-Трап; скратено: ПОУ „Браќа Миладиновци“) — подрачно основно училиште во селото Будаково, составен дел на истоименото училиште во селото Добрушево.

Училиштето е именувано по македонските преродбеници и писатели Браќа Миладиновци.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во јужниот дел од селото, во непосредна близина на соседното село Трап.

Историја

Во 2014 година, училишната зграда била обновена со поддршка од Турската агенција за соработка и координација.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик за учениците од Трап и на турски наставен јазик за учениците од Будаково.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Могила Будаково Категорија:Будаково