Димовска Анастасија (, во ) — македонски хистолог и универзитетски професор.
Животопис Основното и средното образование го завршила во Скопје. Во учебната 1948/49 г. се запишала на Филозофскиот факултет во Скопје (Група биологија). Во текот на студиите била демонстратор на Зоолошкиот завод. Во 1953 г. е избрана за асистент. Докторската дисертација ја одбранила во 1965 г. Во 1966 г. е избрана за доцент, во 1972 за вонреден професор, а во 1978 за редовен професор. Пензионирана е во 1988 г. Изведувала настава по предметите цитологија на животни и хистологија и ембриологија со анатомија на човекот. Престојувала во повеќе реномирани хистолошки лаборатории во земјава и во странство. Таа е еден од најеминетните хистолози кај нас и пошироко. Автор е на повеќе од 50 научни трудови.
Наводи
Категорија:Македонски биолози Категорија:Македонски зоолози Категорија:Хистолози Категорија:Македонски универзитетски професори