Лилјана Андреева (моминско Николова; во — македонска универзитетска професорка по хемија.
Животопис Таа е редовен професор (2006) на ПМФ, Институт за хемија. Додипломските студии ги завршила во Харков, магистрирала (1982) на Хемискиот факултет, а докторирала (1994) на ПМФ во Скопје. Изведувала настава од подрачјето на физичката хемија за студентите од РГФ во Штип, за студентите по хемија на ПМФ, како и на двопредметните студии биологија-хемија, како и настава по предметот Историја на хемијата, а напишала и учебник. Научната работа ѝ е претежно во врска со изучувањето на клатрати. Објавила 24 труда (18 во меѓународни списанија), а на научни собири учествувала со шеесетина соопштенија. Учествувала во 11 научноистражувачки проекти, од кои 5 меѓународни. Имала студиски престои во Упсала, Лондон и Истанбул. Била раководител на Заводот за физичка хемија на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје.
Наводи
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски хемичари