Јохана (унгарски: Johanna) - унгарски филм од 2005 година, во режија на Корнел Мундручо (Kornél Mundruczó), според сценариото на Мундручо и Викторија Петрањи (Viktória Petrányi). Главните улоги ги играат: Орсоља Тот (Orsolya Tóth), Естер Вирдл (Eszter Wierdl) и Золт Трил (Zsolt Trill). Филмот претставува модерна музичка верзија на филмот „Страдањето на Јована Орлеанка“.HRT, Johanna, mađarski film (пристапено на 7.10.2019)
Синопсис Во една сообраќајна несреќа, Јохана (ја игра Тот) паѓа во кома, но лекарите успеваат, иако делува дека за неа нема надеж. Таа е зависна од морфиум и затоа краде од болничката аптека. Откако ќе ја почувствува божјата милост врз себе, Јохана станува медицинска сестра во болницата и почнува да ги лечи пациентите така што има сексуални односи со нив, а тие навистина оздравуваат по контактот со неа. Навреден поради тоа што таа го одбива, еден млад лекар (го игра Трил) се здружува со останатиот болнички персонал, кој исто така е огорчен поради нејзиното неморално однесување. Тие започнуваат вистинска војна проти внеа, но благодарниет пациенти се здружуваат за да ја одбранат.HRT, Johanna, mađarski film (пристапено на 7.10.2019)
Наводи
Категорија:Унгарски филмови Категорија:Филмови на унгарски јазик Категорија:Филмови од 2005 година Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Унгарија Категорија:Музички филмови Категорија:Филмови со Золт Трил Категорија:Филмови на Корнел Мундручо Категорија:Филмови на Естер Вирдл Категорија:Филмови со Орсоља Тот