Државен пат 2 или ЕО2 () — пат во Егејска Македонија и Западна Тракија, Грција. Го поврзува граничниот премин кон Албанија во Смрдеш (Кристалопиги), Костурско со граничниот премин кон Турција во Бахчеќој (Кипи), Дедеагачко. Пуштен е во употреба на 23 јули 1963 г. и денес има вкупна должина од 630 км.
Ова е обичен пат со една лента по правец, без сложени клучки. Делот источно од Солун е заменет со поновиот автопат А2 („Егнатија“). Потегот од албанската граница до Солун е дел од Европскиот пат Е86.
Поважни населени места Ова се населените места со свои излези на патот, наведени по возен редослед од запад кон исток:
Смрдеш (Кристалопиги) Лерин (Флорина) Воден (Едеса) — заобиколница Пазар или Ениџе Вардар (Јаница) — заобиколница Солун (Тесалоники) Аспровалта Ениќој (Амфиполи) Кавала Скеча (Ксанти) Ѓумурџина (Комотини) Дедеагач (Александруполи)
Растојанија Оддал. во км 123456789101112 (1) Смрдеш – 50 117 158 210 280 300 367 419 512 539 582 (2) Лерин 50 – 67 108 160 230 250 317 369 462 489 532 (3) Воден 117 67 – 41 93 163 183 250 302 395 422 465 (4) Пазар 158 108 41 – 52 122 142 209 261 354 381 424 (5) Солун 210 160 93 52 – 70 90 157 209 302 329 372 (6) Аспровалта 280 230 163 122 70 – 20 87 139 232 259 302 (7) Ениќој 300 250 183 143 90 20 – 67 119 212 239 282 (8) Кавала 367 317 250 290 157 87 67 – 52 145 172 215 (9) Скеча 419 369 302 261 209 139 119 52 – 93 120 163 (10) Ѓумурџина 512 462 395 354 302 232 212 145 93 – 27 70 (11) Дедеагач 539 489 422 381 329 259 239 172 120 27 – 43 (12) Бахчеќој 582 532 465 424 372 302 282 215 163 70 43 –
Наводи
Категорија:Патишта во Егејска Македонија Категорија:Патишта во Грција