Бахами или Бахамски Острови (); официјално: Државна Заедница Бахами (Commonwealth of the Bahamas) — островска држава во Средна/Северна Америка која е составена од 29 острови, 661 песочни мали острови и 2.387 мали, претежно карпести, острови. Бахамите се наоѓаат во Атлантскиот Океан, северно од Куба и Хиспаниола, северозападно од островите Туркс и Кајкос и југоисточно од САД. Вкупната површина на Бахамите е 13.939 км2 со вкупно население од околу 330.000 жители. Главен град на државата е Насау. Географски, Бахамските Острови се дел од истиот ланец острови со Куба, Хиспаниола и останатите Карипски Острови.

Првично, Бахамите биле население од Лукајци, етничка група дел од групата на таински народи. Во 1492 година, Бахамите станале првата копнена точка на која пристигнал Кристофер Колумбо. Со доаѓањето на Шпанците во Карипското Море, Бахамите не станале нивен протекторат, но староседелското население било префрлено на Хиспаниола како робови. Така, островите останале напуштени од 1513 до 1648, кога пристигнале британските колонизатори од Бермуда и се населиле на островот Елеутера.

Во 1718 година, Бахамите станале британска кралска колонија, кога претходно биле поразени пиратите и пиратското движење на островите. По Американската војна за независност, илјадници британски приврзаници и поробени Африканци се населиле на Бахамите и основале економија која се засновала на плантажи. Во 1807 година во Британската Империја било укинато ропството и голем број Африканци биле ослободени со што се населиле на Бахамите за време на 19 век. Тоа резултирало со бројното африканско население на островите.

Потекло на поимот

Денес, не е познато потеклото на името Бахама. Сепак, за потеклото постојат две теории. Според првата, името потекнува од шпанските зборови „baja mar“ што значи „плитко море“, додека според втората, името потекнува од лукајскиот назив за островот Гранд Бахама „ba-ha-ma“, што во превод значи „голема горна средна земја“.Languages of the Pre-Columbian Antilles by Julian Granberry and Gary Vescelius

Историја thumb|left|275px|Карта на Бахамите

Таинците луѓето се населиле во ненаселениот дел од јужните Бахами од Хиспаниола и Куба околу 11 век п.н.е. Овие луѓе подоцна биле познати како Лукајци. Се проценува дека ги имало нешто повеќе од 30.000 во времето кога Колумбо пристигнал на островот во 1492. Првото пристигнување на Кристофер Колумбо било на остров наречен Сан Салвадор (познат на Лукајците како Гванахани), што е општо прифатен и денес како островот Сан Салвадор југоисточно во Бахамите. Една алтернативна теорија смета дека Колумбо пристигнал на југоисток на Островчето Самана според пресметките направени во 1986 од писателот и уредник Џозеф Џаџ од „Нешнл Џиографик“ (National Geographic) основани врз бродскиот дневник на Колумбо. Доказите што ја поддржуваат оваа теорија се неубедителни. При пристигнувањето на островот, Колумбо го остварил првиот контакт со Лукајците и разменил стоки со нив.

Шпанците кои го следеле Колумбо го раселиле населението од островот. Најголемиот дел од населението било однесено во ропство. Лукајците насекаде низ Бахамите биле избришани поради изложеноста на болести за кои тие немале имунитет."Looking for Columbus" . Joanne E. Dumene. Five Hundred Magazine. April 1990, Vol. 2, No. 1, pp. 11–15 Големите сипаници на кои биле изложени Таинците по пристигнувањто на Колумбо избришале половина од населениото од Бахамите.Schools Grapple With Columbus's Legacy: Intrepid Explorer or Ruthless Conqueror?. Education Week. October 9, 1991.

Се претпоставува дека островите не биле населени од Европејци сè до средината на 17 век. Меѓутоа, скорешни истражувања покажуваат дека постоеле обиди да се населат островите со групи на луѓе од Шпанија, Франција и Британија како и од други Америндијанци. Во 1648 година, авантуристите од Елеутера мигрирале од Бермудите. Овие Англиски пуританци ја создале првата перманентна Европска населба на островот којашто тие ја нарекле Еутера – името доаѓа од грчкиот збор за слобода. Тие подоцна се населиле во Њу Провиденс.

Во 1670 Кралот Чарлс II ги доделил островите на Земјопоседниците од Каролина на кои им биле издавале островите од кралот со права за трговија, даноци, поставување на гувернери и водење на земјата. Во 1684 Шпанскиот пират Хуан де Алкон извршил грабеж на главниот град Чарлстаун и во 1703 заедничка франко-шпанска експедиција накратко го окупирала главниот град за време на Војната за шпанската круна.

18 век

За време на владеењето на земјопоседниците, Бахамите станале рај за пиратите вклучувајќи го и озогласениот Блекбиард (Blackbeard/Црнобрад). За да се воведе уредно раководство, Бахамите биле претворени во Британска кралска колонија во 1718 под царското раководење на Вуд Роџерс кој по тешка борба, успеал да го потисне пиратството. Во 1720 ја водел локалната полиција да го одбие Шпанскиот напад.

За време на Американската војна за независност, островите биле мета на Американските морнарски силе под командата на полковникот Езекиал Хопкинс. Главниот град Насау на островот Њу Провиденс бил окупиран од Американската морнарица за две недели.

Во 1782 година, по Британскиот пораз во Јорктаун, Шпанската флота се појавила на брегот на Насау, кој се предал без борба.

По Американската независност, околу 7,300 Лојалисти и нивните робови се преселиле на Бахамите од Њујорк, Флорида и Каролина. Овие Лојалисти создале плантажи на неколку острови и станале политичка сила во главниот град. Оттогаш малото население било составено од најмногу Африканци.

Британците ја укинале трговијата со робови во 1807 што довело до присилно населување на Бахамските острови од илјадници Африканци ослободени од бродовите со робови од Кралската морнарица. Ропството конечно било укинато во Британската Империја на 1 август 1834 година.

20 век

Модерниот политички развој започнал по Втората светска војна. Првите политички партии биле формирани во педесеттите години и Бритаците ги направиле овие острови внатрешно независни од 1964, со Роланд Симонет од Обединетата Бахамска Партија како прв прв министер.

Во 1867 година, Линден Пиндлинг од Прогресивната Либерална Партија станал првиот црнец Прв министер во колонијата и во 1968 титулата била сменето во премиер. Во 1973 Бахамите станале целосно независни, но го задржале членството во Комонвелтот на нациите. Сер Мило Батлер бил назначен за првиот црнец генерален гувернер (претставник на монархот) кратко по независноста.

Основана врз двата столбови-туризмот и крајбрежниот буџет, Бахамската економија почнала да просперира од 50те. Сепак постојат значителни предизвици во областите како што се образованието, здравствената нега, меѓународната трговија со дрога и илегалната имиграција од Хаити.

Географија и клима

left|200px|thumb|Карта на Бахамите.

Бахамите се островска група составена од 29 поголеми острови, 661 песочни мали острови и 2.387 мали, претежно карпести, острови. Бахамите се наоѓаат во Атлантскиот Океан, северно од Куба и Хиспаниола (Хаити и Доминиканската Република), северозападно од островите Туркс и Кајкос и југоисточно од САД. Вкупната површина на Бахамите е 13.939 км2 со вкупно население од околу 330.000 жители. Најблиски острови до САД се Бимини, кои се познати како портата на Бахами. Најисточен остров од Гранд Бахама е Абако, додека најјугоисточен е островот Инагва. Најголем остров на Бахамите е островот Андрос. Покрај Андрос, останати населени острови се Елеутера, Кет, Лонг Ајленд, Сан Салвадор, Крукед, Ексума и Мајагвана. Главниот град на државата, Насау, се наоѓа на островот Њу Провиденс. Сите бахамски острови се ниски и рамни, со висини не повисоки од 15 до 20 метри. Највисока точка на Бахамите е Алвернија со висина од 63 метри и се наоѓа на островот Кет.

Климата на Бахамите е суптропска и тропска и претежно зависи од Голфската струја, која има влијание особено во зимскиот период.Location and General Description Bahamian dry forests, The Encyclopedia of Earth Исто така, струјата има значителен удел на климата во летниот, есенскиот и пролетниот период кога има појави на урагани. До денес нема запис и нема пријавено многу ладни температури и најмногу може температурата да падне до 2 или 3 степени. Во јануари 1977 година бил забележан пад на снег помешан со дожд,The Weather Doctor кога температурата била од 4 до 5 степени.

Управа и политика

thumb|Дводомниот парламент на Бахамите во Насау. thumb|150px|Премиерот Хјуберт Ингрем

Бахамите се суверена независна нација. ПТрадиционално, политички и правно се во блиска соработка со Обединетото Кралство. Државата е парламентарна демократија во која опстојуваат, меѓу останатите, две големи партии: Слободно Национално Движење и Прогресивна Либерална Партија. Бахамите се членка на Комонвелтот на Нациите и поради тоа на чело, формално, е кралот Чарлс III, што автоматски државата ја прави и уставна монархија. Како претставник на кралицата во државата е генералниот гувернер. Сегашен генерален гувернер на Бахамите е Артур Фулкс.

Туризмот дава половина од работните места, но бројот на посетителите се намалил значително од почетокот на опаѓањето на светската економија во последната четвртина од 2008. Банкарските и меѓународните финансиски служби се спогодиле па Бахамите се едни од 34 тајни јурисдикции кои ќе бидат предмет на Одлуката за запирање на злоупотребата на даночната оаза донесени од Американскиот Конгрес.

Во Бахамите постои двопартиски систем којшто е доминиран од централно-левата Прогресивна Либерална Партија и од централно-десната Слободно Национално Движење. Многу помали партии не можеле да победат на парламентарни избори. Овие партии се Демократското движење на Бахамите, Коалицијата за демократски реформи и Бахамската националистичка партија. Уставните права ги вклучуваат слободата на говор, печатење, обожавање и здружување. Ако Бахамите географски не се наоѓаат во Карибите, тие се член на Карипската заедница. Судската власт е независка од законодавната и извршната. Правните науки се врз основа на Англискиот закон.

Законодавната моќ ја има дводомниот парламент кој се состои од Собранието (долниот дом) со 41 член, кои се избрани од окрузите, и Сенатот со 16 члена чиишто членови се назначени од генералниот гувернер вклучувајќи девет по предлог на премиерот, четири по предлог на водачот на опозицијата и три по предлог на премиерот по консултација со водачот на опозицијата. Собранискиот дома ги извршува сите главни законодавни функции. Бидејќи е под системот на Вестминстер, премиерот може да го распушти парламентот и да свика општи избори во кое било време во период од 5 години.

Премиерот е шеф на владата на Бахами и најчесто е водач на владеачката партија во земјата. Извршната власт е во рацете на неговиот кабинет на министри, кои пак ги назначува самиот премиер, со поддршка од Собранието. Сегашен премиер на Бахамите е Хјуберт Ингрем. Судскиот систем во државата е независен.

Адиминистративна поделба thumb|right|300px|Окрузи на Бахамите

Окрузите на Бахамите овозможуваат систем на локално раководење освен Њу Провиденс, чиишто работи се водени директно од централната власт. Во 1996, Парламентот на Бахамите го усвоил Актот за локална самоуправа со цел да се олесни воведувањето на Семејни островски управништва — окрузи на локална самоуправа, советници за локална самоуправа и Локални комитети за различните заедници на островите. Целта на овој акт е да им се овозможи на одбраните водачи да ги водат и надгледуваат работите во нивните окрузи без мешање на централната власт. Се вкупно, има 32 окрузи, во кои избори се спроведуваат на секои 3 години. Исто така постојат 110 Советници и 281 член на Градскиот комитет соодветно на различните окрузи.Family Island District Councillors & Town Committee Members

Секој Советник или член на Градскиот комитет е одговорен за вистинската употреба на јавните фондови и одржувањето и развојот на нивниот изборен округ.

Покрај Њу Провиденс, останатите окрузи се:

Национални симболи

Националното знаме thumb|left|150px|Националното знаме на Бахамите