Државен пат 57 или ЕО57 — пат во Драмско, Егејска Македонија, Грција. Го поврзува градот Драма со Пиринска Македонија во Бугарија кај граничниот премин Везме. Минува низ Просечен и Зрново. Преминувајќи ја бугарската граница, се надоврзува на тамошниот Републички пат II-19 за Неврокоп (Гоце Делчев). Долг е 50 км.

Населени места Ова се населените места со свои излези на патот, наведени по возен редослед од југ кон север:

Драма Просечен (Просоцани) Зрново (Като Неврокопи) Везме (Ексохи)

Наводи

Категорија:Патишта во Грција Категорија:Патишта во Егејска Македонија Категорија:Драма (округ)