Застава М57 – полуавтоматски пиштол кој во бивша Југославија го произведувало претпријатието Застава оружје (тогаш Заводи Црвена застава). Се работи за копија на советскиот пиштол Токарев ТТ-33. Пиштолот бил прифатен во 1957 година, додека масовно почнал да се произведува од 1960 година. Бил службено оружје во југословенската војска и милиција.

Техничките разлики меѓу југословенскиот и советскиот пиштол се скоро незначителни, а најзначајни се дека М57 користи шаржер со капацитет од девет, а ТТ-33 со капацитет од осум куршуми. Поголемиот капацитет на шаржерот е причина дршката на М57 да е поголема. Исто така, водилката на повратната пружина кај М57 се состои од два дела.

Визуелните разлики е многу мали, но видливи. Така советскиот ТТ-33 на кориците на пиштолот има ознака ѕвезда петокрака околу која е ознаката CCCР. Југословенската верзија има ознака ФНРЈ или СФРЈ.

Пиштолот користи муниција со калибар 7,62x25 ТТ, а Застава оружје во текот на 1970-тите години почнала да произведува сличен пиштол кој користел муниција 9x19 лугер. Станува збор за моделот Застава М70.

Поврзано Застава ЦЗ99 Токарев ТТ-33

Надворешни врски

Мрежно место на производителот

Категорија:Пиштоли