Никос Чаусидис (17 јули 1959, Ташкент) ― македонски археолог и професор кој живее и работи во Скопје.
Животопис Во 1984 година, тој дипломирал на Катедрата за историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1 јануари 1986 година, тој почнал работи на Институтот за историја на уметноста со археологија, како помлад асистент, а подоцна како доцент и професор.
Во 1986 година, тој се запишал на последипломски студии по археологија на истиот факултет. Ги завршил во 1992 година, со одбрана на магистерскиот труд под наслов: „Паганската религија на Јужните Словени и нејзиниот одраз во нивната материјална култура“. Истата година, тој бил избран во звање асистент по предметот Музеологија и конзервација. Во 2002 година, тој се здобил со звањето доктор на археологија (наслов на дисертацијата: „Рано-средновековните двоплочести фибули и претхристијанската духовна култура на Словените“ одбранет на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја на уметноста и археологија).
Во функција на стручен раководител, автор на елаборатот и на најголем дел од текстовите на проектот „Македонски древности”, од кој бил изработен компакт диск (CD) во кој преку текст, слика, филм, сметачки анимации, музика и говор претставена е културната историја на почвата на Република Македонија и нејзиното поблиско окружување, од предисторијата до крајот на XIV век.
Творештво Автор е на следните трудови:
„Митските слики на Јужните Словени“ (Скопје, 1994) „Дуалистички слики - богомилството во медиумот на сликата“ (Скопје, 2003) „Космолошки слики: симболизација и митологизација на космосот во ликовниот медиум“ (Скопје, 2005) „Музеологија, Скопје: Филозофскси факултет, 2012 (универзитетски учебник); „Проектот Скопје 2014: скици за едно наредно истражување“ (Скопје, 2013) (електронско издание). „Македонските бронзи и религијата и митологијата на железнодобните заедници од Средниот Балкан“ (Скопје, 2017)
Соавтор:
„Македонија - културно наследство“ (Скопје, 1995) „Неолитски антропоморфни предмети во Република Македонија“ (Скопје, 2011) (во соавторство со Г. Наумов);
Автор е на над 100 научни публикации, објавени во стручни списанија и зборници во Македонија и странство.
Категорија:Македонски археолози Категорија:Југословенски археолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Филозофскиот факултет - Скопје