ляво|мини|200px|Адлер Vis-à vis (1901)
Адлер — поранешен германски производител на автомобили, мотоцикли и велосипеди од 1900 до 1957 година. Адлер на германски значи орел.
Адлер во текот на своето постоење освен автомобили, мотоцикли и велосипеди, произведувал и машини за пишување. Пред Првата светска војна, претпријатието користело мотори со два или четири цилиндри кои се движеле од 1032 до 9081 кубика. Со почеток во 1902 година тие започнале да користат и свои мотори, чии автомобили победиле на многу спортски настани.
По Втората светска војна била донесена одлука да не се продолжи со градењето на автомобили. Производството на мотоцикли продолжило во 1949 година, што довело до производство на MB 250S. Како дел од воените репарации на Сојузниците, дизајнираните мотоцикли на Адлер и биле дадени на Велика Британија. Во следниот период Адлер се фокусирал на производство на канцелариска опрема. Компанијата се споила Триумф (Триумф-Адлер), по кое била презедена од Грундиг во 1957 година, а подоцна и од Оливети.
Наводи
Надворешни врски Adler-Motor-Veteranen-Club (club for owners of Adler cars & motorcycles, website in German) Website for Adler motorcycle enthusiasts in Australia Website for Adler motorcycle enthusiasts in the UK History of Adler trucks
Категорија:Производители на велосипеди од Германија Категорија:Производители на мотоцикли во Германија Категорија:Германски автопроизводители