Баница — село во Општина Струмица, на 2 километри од градот Струмица.

Географија и местоположба thumb|десно|Амам на Мехмед Ага thumb|десно|Стара џамија thumb|десно|Подрачно училиште „Сандо Масев“ Баница се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 2 километри.

Надморската височина во селото е 250 метри а површината на селото изнесува 742 ха.

Селото се граничи со Струмица, Попчево, Водоча, Добрејци, Ангелци, Градошорци.

Топонимија Во рамките на селскиот атар се наоѓаат следниве топоними: Андри, Вади, Вреже, Градски Пат, Даб, Крк Џамија, Ќеразли, Курија, Кумиште, Мамудица, Мандри, Орман, Село, Сутлик, Умишта, Чилтрла, Чуприја.

Историја

Византиски период

Во почетокот на 9 век, за време на византискиот цар Никифор I во Струмичко било населено христијанско население од градот Тибериопол кој се наоѓал во областа Витинија во Мала Азија. Според В. Златарски овие малоазиски колонисти подигнале нова населба, на просторот меѓу денешните села Баница и Водоча, на која и го дале името Тивериопол, а во спомен на својата дотогашна постојбинаМ. Пандевски и Г. Стоев-Трнката. „Струмица и Струмичко низ историјата“, Струмица, 1969, стр. 32.

Османлиски период

Селото се споменува во отомански регистри од XVI век како Шехр Азад, или во превод „спасен град“Митева, Димка. „Топонимијата на Струмичко“, Скопје, 1989, стр. 26-27.. Во отоманските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Малешева од 1621-1622 година, селото е наведено под името Баниче со 4 домаќинстваТурски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 286.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Баница се состоела од 30 семејства од кои 96 Македонци и 18 муслиманиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Баница имало 320 жители од кои 120 Македонци и 140 Турци и 60 РомиКънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 160.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 96 МакедонциBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107..

Селото Баница во почетокот на XX век било типично чифлиско село.

Југословенски период

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, и подоцна Кралство Југославија. Во селото се населиле мал број на колонисти од Србија.

Во текот на Втората светска војна од селото како припадници на партизански одреди загинале Ѓорѓиев Киро и Ѓорѓиев Васил.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 7,3 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 413 ха, на пасиштата отпаѓаат 112,6 ха, а на шумите 260,7 ха. Селото има полјоделска функција.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци и 50 Турци.

Во 1953 година селото имало 601 жител, од кои 520 Македонци и 78 Турци. Во 1961 година, бројот на жители бил 729 од кои 718 Македонци и 10 Турци. Според пописот од 1971 година во селото живееле 897 жители, додека според пописот од 1981 - 1086 жители..

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.137 жители, од кои 1.129 Македонци, 2 Срби, 1 Бошњак и 5 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1.191 жител, од кои 438 Македонци, 3 останати и 750 лица без податоци.

Општествени установи

thumb|десно|Струмин гроб Во селото работи подрачното Основно училиште - Сандо Масев.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1763, 1763/1 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.347 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.361 гласач.

Културни и природни знаменитости

На северниот крај од селото се наоѓа Струмин гроб, средновековен или антички гроб, за кој постојат повеќе легенди. Исто во селото Баница има две православни цркви св. Ѓорѓи и св.Димитар кој св.Ѓорѓи се наоѓа на надморска височина од 300m, а св.Димитар близу центарот на селото.

Во селото Баница има џамија која ја посетуваат припадниците на муслиманската вера. Некогаш во селото постоела и џамија која денес е напуштена.

Во селото се наоѓаат следните археолошки наоѓалишта: Баница Мерата Црква Свети Ѓорги

Спорт

Првата кожна фудбалска топка во струмичкиот регион била набавена во селото Баница, што останала кај некој селанец од англиските војници во текот на Првата светска војна. Група младинци ја откупиле од селанецот и долго играле. Неколку години потоа се одржувале натпревари на „дивите" маалски клубови по празните места на Струмица опожарена во 1913 година.

Личности

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија Категорија:Села во Општина Струмица