{ "type": "FeatureCollection", "features": [
"type": "Feature", "properties": {}, "geometry": { "type": "Point", "coordinates": [ 22.05739259719849, 40.79682004529303 ]
] } Лагот, поретко нечленувано Лаг (, Лонгос) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, во југоисточно предградие на градот Воден.
На ова место се остатоците од древниот град Едеса. Подоцна тука се наоѓал средновековниот Долен Град, а во османлиско време, кога градот се развил на висорамнината на местото на Горниот Град, станало село. Името доаѓа од поимот „лаг“, што значи мала шумичка или рамнина покрај река, во случајов реката Вода.
Иако селото веќе не постои, месноста и понатаму го носи името Лагот, забележителна по својата бујната растителност. Овде е сместена и црквата „Св. Троица“ со истоимениот манастир.
Во 1966 и 1973 година месноста Лагот (Лонгос) е прогласена за споменик на културата од историско и природно значење.
Личности Апостол Лаговски — зограф од XVIII век
Поврзано Варош Црква „Св. Троица“ Лаг — истоимено село во Поречието
Наводи
Категорија:Историски села во Воден Категорија:Споменици на културата во Воден