Свети Ѓорѓи () — православна црква на местото на историското село Бапчор, во денешната општина Костур, Егејска Македонија. Била главен храм на некогашното село, а денес е во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Денес од целиот Бапчор е останата само оваа црква, иградена во 1774–5 г. Вратите на црквата се заѕидани во 1948 г. за да не може да служи како прибежиште за бесправни доселеници од Албанија.
Во 1986 г. храмот е прогласен за споменик на културата.
Во 2018 г. до црквата е пробиен пат со помош на војската, а храмот е обновен, враќајќи ги иконостасот и столбовите. На 29 септември истата година храмот е преосветен од митрополитот Серафим Костурски.
Поврзано Бапчор Костурска епархија
Наводи
Ѓорѓи, Бапчор Ѓорѓи, Бапчор Категорија:Споменици на културата во Костур (општина) Категорија:Бапчор Категорија:Појавено во 1745 година