Катраничка гробница, полн назив: Катраничка македонска гробница () — древномакедонска гробница од последната четвртина на IV век п.н.е. во селото Катраница, Кајларско, Егејска Македонија.
Откриена е во 1983, а ископана во 1992 г. Изградена е во подножјето на планината Каракамен, на јужниот излез од селото Катраница, веднаш крај патот за Воден. Нејзината положба ја потврдува претпоставката дека овдешните гробници се градени долж важни патни правци.
Гробницата му припаѓа на типот големи засводени македонски гробници на видни семејства, војсководци и влијателни жени. Ограбена е уште во стариот век, па затоа недостасуваат какви било украси. Има една одаја со големина од 2,83 на 2,55 м. Денес има проста фасада, покриена со белузлав малтер. Заедно со соседната Војводинска гробница, оваа гробница е доказ за големото стратешко значења на оваа област во старовековната историја на Македонија.
Поврзано Војводинска гробница Кутлеш
Наводи
Категорија:Древномакедонски гробници Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Еордеја Категорија:Древномакедонска култура