Чрчишта (дијалектно: Чрчишча; , Царциста) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во областа Нестрамкол, на Чрчишка Река. Лежело на 3 км западно од Добролишта и на 15 км југозападно од Костур, на надморска височина од 730 м. На северозапад атарот се граничел со Горно Папратско, на север со Ошени, на североисток со Света Недела, а на исток со Добролишта.
Историја Според Тодор Симовски, Чрчишта било македонско село кое се запустило во урнатини. Според еден грчки извор, некаде пред 1912 г. Чрчишта било село со околу 80 Албанци муслимани. Георги Константинов Бистрицки за истиот период дава податок дека Чрчишта било чифлик со 2 албански муслимански куќи,Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8. што е веројатно поточно, односно дека останатите биле работници на чифликот создаден на местото на напуштеното село.
По Првата балканска војна селото е припоено кон Грција. Во 1920-те државата довела грчки доселеници од Мала Азија. Во 1928 г. Чрчишта имало 52 жители (56 според Симовски), од кои 32 биле малоазиски Грци, а 20 Албанци муслимани. По податок од 1932 г. селото имало 3 туѓојазични семејства. На пописот во 1940 г. се забележани 47 жители, а пет години подоцна населението се зголемило на 54.
По 1950 г. жителите постепено почнале да се преселуваат во соседното Добролишта, а во помала мера и берското село Микрогуш. Атарот на Чрчишта потоа е присоединет кон селото Добролишта.
Стопанство На местото на селото има два склада за зрна, две куќи и кожарско претпријатие.
Поврзано Костурска Котлина
Наводи
Категорија:Историски села во Костур