Руи Хачимура (; роден на 8 февруари 1998, во Тојама, Јапонија) е јапонски кошаркар, крило или крилен центар на Вашингтон Визардс и на јапонската репрезентација.
Тој играл колеџ кошарка за Гонзага Булдогс, пред да биде избран од Вашингтон Визардс на НБА драфтот 2019 како 9-ти пик во првата рунда.
Тој е репрезентативец на Јапонија од 2018 година и ја претставувал својата земја на Светското првенство 2019. Претходно, тој бил шампион на Азија со репрезентацијата под 16 години на првенството одржано во Иран во 2013 година.
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место Руи Хачимура на ESPN Руи Хачимура на basketball reference Руи Хачимура на rotoworld
Категорија:Јапонски кошаркари Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Играчи на Вашингтон Визардс