Мавровица (понекогаш нарекувано Орел) — вештачко езеро подигната на истоимената река во близина на селото Немањици, Македонија. Акумулацијата е создадена преку земјенонасипна брана со височина од 25 метри.

Местоположба

Се наоѓа северно од градот Свети Николе, а јужно од селото Орел, но сепак влегува во атарските граници на селото Немањици.

Историја мини|200п|лево|Површен наод од керамика. мини|200п|лево|Местото „Доцноримска некропола“. Местото има богата човечка историја при што како доказ се археолошките наоѓалишта. Пред создавањето на езерото, во стариот слив на реката Мавровица биле сместени наоѓалиштата: Алин Дол која била населба од младото камено време и античкоримското време. Дел од наоѓалиштето е на суво, додека дел е под вода;Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 355 Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Мишевска Воденица која била вила рустика од античкоримското време. Тоа наоѓалиште е целосно под вода.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 356 Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Особености

Езерото има волумен од 2,8 милиони метри кубни. Се користи за наводнување и водостопанство.

Езерото е познато риболовно одредиште, а ги има видовите на риба како: сом, крап, амур, лињак, костреш, клен, и црвеноперка, а најинтересно е дека во езерото има и слатководни медузи. На езерскиот брег се одржува и меѓународен риболовен натпревар во лов на крап со јадица на дно, „по шема“ фати и пушти.ЛОВ НА КРАП НА ЕЗЕРО МАВРОВИЦА

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Немањици Категорија:Орел (село) Категорија:Вештачки езера во Македонија