Д-р Костадин Георгиев — македонски деец, поранешен универзитетски професор, публицист и општественик со потекло од Пиринска Македонија.

Роден е 1948 година во Ќустендилско. Доктор на филозофски науки. Професор на геолошкиот факултет во Софија. Како пројавен Македонец во Бугарија, постојано бил прогонувам и затворан, жигосуван јавно од власта и полицијата. Откако како автор, ја издал книгата „Филетизам или проклетство - некои аспекти на великобугарскиот шовинизам“, тој е истеран од работното место предавач на Геолошко-рударскиот универзитет во Софија, во 1986 година.

Професорот Стојко Стојков, сведочи дека секој интелектуалец кој отворено ќе застане зад идејата и поддршката за македонското малцинство во Бугарија, ќе се соочи со слични притисоци како што се соочил и Костадин Георгиев, мајката на Сергеј Станишев, проф. Стефан Влахов и ред други интелектуалци.

Наводи

Надворешни врски Костадин Георгиев: Филетизам или проклетство - 1 Костадин Георгиев: Филетизам или проклетство - 2

Категорија:Македонци во Бугарија