Бурито – традиционално мексиканско јадење. Буритото се состои од тортиља од пченично брашно полнета со прилози. Вообичаено тортиљата полека се пече на жар или се вари на пареа, да омекне и да може да се витка. Во Мексико најчести прилози се месо и грав, а понекогаш нема други прилози.

Во Соединетите Американски Држави, буритото вообичаено вклучува комбинација од состојки како што се: ориз на мексикански начин (со домат, лук и сл.) или обичен ориз, грав или кашест грав, зелена салата, салса, гвакамоле (сос од авокадо), месо, сирење и павлака, а количината варира. Типичното бурито во американски стил се полни со повеќе состојки од она во мексикански стил.

Историја Пред развојот на модерното бурито, мезоамериканските народи на Мексико користеле пченкарни тортиљи 10.000 години пр.н.е. за да ја замотаат храната, со полнење од чили пиперки, домати, печурки, тиквички и авокадо. Историски гледано, народите Пуебло на југозапад на САД исто така правеле тортиљи полнети со грав и месо и ги спремале како модерниот бурито. Меѓутоа, ваквиот начин на спремање може да биде потекло на поедноставен тако, а не модерен бурито.

Буритото како тема во популарната култура „Браќата Летачко бурито“ (The Flying Burrito Bros) - американска кантри група. „Жешко бурито бр. 1“ (Hot Burrito #1) - песна на американската кантри-група The Flying Burrito Bros од 1969 година.DISCOGS, The Flying Burrito Bros ‎– The Gilded Palace Of Sin (пристапено на 21 февруари 2020) „Жешко бурито бр. 2“ (Hot Burrito #2) - песна на американската кантри-група The Flying Burrito Bros од 1969 година.

Наводи

Литература

Надворешни врски

Категорија:Мексиканска кујна Категорија:Текс-мекс кујна Категорија:Улична кујна Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ